АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Ве повикувам сите заедно утре на 2-ри јуни во Скопје пред Влада, да излеземе на мирен, но историски важен протестен собир.
Ве повикувам сите Вас во чии што вени тече македонштината за да застанеме во одбрана на истата. Ве повикувам заради одбрана на минатото кое што со крв го чуваа нашите предци. Ве повикувам да го одбраниме достоинството на нашата држава за да можеме и ние достоинствено да ја оставиме во аманет на нашите поколенија. Ве повикувам да не останеме неми пред уривањето на нашата света земја што ја разнебитуваат во сите сегменти од нашиот живот и со заеднички сили и многубројност да упатиме силна и јасна порака дека Македонија е таа што сите нас не обединува.
Во Првата светска војна во Битола биле убиени 4224 цивили, претежно жени и деца. Имало 545 ранети, 647 згради и 216 куќи станале рушевини, 696 згради и 119 куќи биле оштетени, 845 запалени. Податоците се објавени во книгата „ Битола- најбалканскиот град во Првата светска војна“, промовирана на научниот симпозиум во Битола по повод 100 годишнината од крајот на војната.
Македонија е единствена држава во светот во која се затвараат сопствените граѓани само затоа што сакале да го истакнат националното знаме.
Меморијалниот музеј на француските гробишта, подигнат по повод 100 години од крајот на Првата светска војна, претставува спомен обележје за загинатите француски војници, но и за македонското цивилно население кои прострада за време на војната. Ова беше истакнато на свечената манифестација по повод отворањето на Музејот на француските гробишта во Битола.
Во присуство на државниот секретар на Министерството за вооружени сили на Франција, Жаневиев Дариесек и македонскиот министер за одбрана Радмила Шекеринска, на француските гробишта во Битола беше отворен Меморијален музеј за Првата светска војна. Отворен е по повод 100 годишнината од крајот на крвавата светска војна, а во спомен на француските војници што се бореле на Македонскиот фронт и на страдањата на цивилното македонско население.
Професионалноста пред сѐ, порача новинарот Марјан Танушевски на кого денес „Битолски весник“ му ја додели наградата за новинарство и репортажа „Тоде Петрески“ во чест на покојниот колега, некогашен дописник на Радио Скопје од Битола.
Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола ги известува сите индивидуални корисници на вода за наводнување од системот на ЈП „Стрежево“ Битола дека ќе може да склучуваат договори за снабдување со вода за наводнување, за сезоната 2018 година, во Дирекцијата на претпријатието- Службата за наплата, почнувајќи од 07.30 до 15.30 часот , секој работен ден од 30.05.2018 година (среда) заклучно со 01.07.2018 година..
Д-р Марјан Танушевски реизбран е за претседател на Македонското научно друштво во Битола. Тој успешно го водеше Друштвото во изминатите две години, а со реизборот ќе биде на негово чело уште нови две години, поточно од 2018-2020-та. На изборното собрание беа избрани и нови органи на Друштвото.
Преспа е еден убав град во Република Македонија, каде што има едно прекрасно езеро рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во Битола запрашан за тоа како ги коментира најавите за името Северна Македонија како решение на спорот со Грција и можниот договор во Преспа. Сѐ друго, рече тој е новинарска шпекулација.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечер во 20 часот во Општинскиот комитет на партијата во Битола, ќе оствари средба со членството и други симпатизери од градот и околината. Неговата посета на Битола му претходи на антивладиниот протест закажан за втори јуни пред Влада на Република Македонија.