2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Брачен пар од Скопје со џип се отпревртел на патот од Ресен за Битола во близина на селото Братин Дол, дознава Апла.мк  Мажот и жената се враќале од преспанското село Стење. Во критичниот момент возачот изгубил контрола врз возилото и џипот се отпревртел. Сопружниците со возило на Брза помош биле пренесени во Клиничката болница во Битола. Двајцата се здобиле со полесни телесни повреди.

Половина Балкан деновиве е преокупиран со Преспа, а на македонската страна од Преспанското Езеро е мирно и спокојно. Жителите си ги извршуваат секојдневните работи и не сакаат многу да коментираат околу тоа дека по потпишувањето на договорот за името во грчкиот дел на Преспа, државниците ќе дојдат да ручаат на македонска страна.

„Никој не ни кажал дека тука баш кај нас ќе биде. Нема што да кажеме, најдете некој постар, тој повеќе се разбира од политика“, ни рекоа помлади жители од преспанското село Царев Двор.

Постарите пак, велат барајте помлади.

Наместо роденденска прослава, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за в недела во Битола најави протестен марш. Тој попладнево преку изјава дадена за медиумите во Скопје рече дека планот за во недела кога ВМРО ДПМНЕ слави 28 години се менува. Па, наместо роденден ги повика сите граѓани кои не се согласуваат со промената на името на протест во Битола. 

"Граѓаните да ги осудат погрешните политики на СДСМ и да ни се придружат на протестниот марш кој ќе го одржиме во Битола во недела со почеток од 13 часот" рече Мицкоски. 

Пет лица биле пренесени во Клиничката болница во Битола по сообраќајна несреќа која попладневно се случила кај Тополчани, на патот од Прилеп за Битола. Сите се надвор од животна опасност, а меѓу нив има и дете, соопшти за Апла.мк, портпаролката на Клиничката болница од Битола, Сузана Конеска.

„Владимир Талески е вработен во нашиот театар , законски беше да го вдомиме. Моментално нема никаков ангажман. Ангажманите во нашиот театар зависат од кастингот што ќе го направи режисерот на претставата. Многу од актерите во Битолскиот театар кога не се во кастинг, не доаѓаат на работа“, рекоа Јерчиќ и Чоревска. 

Тие денес држеа прес конференција за активностите на Театарот, а од новинарите беа запрашани каков е сегашниот статус на екс градоначалникот Владимир Талески во Народниот театар и дали доаѓа на работа. 

Новото раководство на Народниот театар од Битола годинава ќе го организира шестото издание на “Битола Шекспир фестивалот“ од 23 до 30 јуни. Иако манифестацијата се роди во време на претходната локална власт и беше еден од клучните културни настани на „Бит Фест“, културното лето што го организираше екс градоначалникот Владимир Талески, сепак фестивалот ќе продолжи да се одржува. Годинава за неговата организација ќе се погрижат Иван Јерчиќ, директор и Илина Чоревска, програмски директор на Народниот театар во Битола.

Битолчанка лумпувала во битолско кафуле, а пред да дојде полицијата побегнала, соопштија од СВР Битола. Според полицискиот билтен, битолчанката фрлала со чаши и шишиња во кафулето. Откако вработените ја пријавиле девојката за нарушување на јавниот ред и мир, кога полицијата дошла во кафулето, неа веќе ја немало. Од полиција велат дека преземаат мерки за расчистување на настанот.

Битолчанецот Александар Цуцуловски е избран за координатор на СДСМ за Пелагонискиот регион, соопштија од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Тој е еден од осумте новоизбрани регионални координатори на СДСМ во Македонија. Од СДСМ соопштија дека ова е нов начин на територијално делување на партијата, прилагоден на економските и административните развојни цели, застапувајќи ги планските региони подеднакво.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани