АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Младински културен центар - Битола (официјален младински клуб на УНЕСКО) за одбележување на Меѓународниот ден на џезот организираше концерт во живо на ЗУЛУ 3.4 во неделата на 30 април 2023 година во Порта Џез во Битола. Извонреден настап во живо на овие млади професионални музичари пред битолската публика, со изведба на авторска современа џез музика. ЗУЛУ 3.4 е добитник на наградата за најдобар млад македонски џез бенд, што традиционално се доделува секоја година од страна на Скопскиот Џез Фестивал.
МКЦ-Битола започна со одбележување на Меѓународниот ден на џезот во 2013 година со концертот на Иван Иванов квартет во Битола.
Концертот на ЗУЛУ 3.4 по деветти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Џезот има многу важна улога во охрабрувањето на дијалогот меѓу културите и цивилизациите, промовирајќи го човековото достоинство. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.
Настанот беше организиран во партнерство со Порта Џез и со финансиска поддршка на Општина Битола.
На Националното првенство во планинско трчање кое се одржа денес на Пелистер, тројца атлетичари од овој трофеен атлетски клуб на пиедесталот.
Јана Стефановска освои 1 место во категорија младинки. Тања Велјановска, повратничката во АК Олимп, освои 3 место во категорија сениорки. Бојан Ѓеровски освои 3 место во категорија сениори.
Општина Битола, активно работи на подготовка на потребната документација за велосипедски патеки. Доколку, во предвидениот рок се завршат сите постапки, отпочнувањето на активностите на терен, се очекува оваа градежна сезона.
Во досегашниот период изработен е Основен сообраќаен проект за воведување на велосипедски патеки во централното градско подрчје, кој е одобрен од СВР Битола. Во моментот во тек е изработка на Проектна документација за реализација на основен проект за две улици „Васко Карангелевски“ и улица „Партизанска“ – реконструкција на постоечки тротоари, по што ќе следува и обележување на велосипедски патеки, согласно одобрениот сообраќаен проект.
Со предвидените активности оваа градежна сезона ќе се заврши првата фаза од проектот, додека неговата целосна реализација ќе овозможи растеретување на сообраќајот во централното градско јадро, како и непречено движење со велосипед по велосипедски патеки од периферијата до центарот, што претставува долгогодишно барање на битолчани, но и потреба на Битола, соопштија од Општината.
Да повториме: на училиште, се учи за стекнување на знаења, вештини, способности, развој на интереси, односно, учиме да градиме сложни другарства, да почитуваме и да го разбираме светот околу нас, како и да останеме подобри и паметни личности. Пред сѐ, образовани и писмени. Обврската на воспитно-образовниот просец е поучна и таква треба да остане. Јасно е дека со сила, убавина не бидува, ами само со мерак и волја.
Да се држиме до кодексот на однесување што важи во училиштето. Да не дозволуваме девијатните однесувања да доминираат. Секој може да биде паметен и одговорен, а тоа произлегува од личната совест и свест. Да бидеме пријателски и разумно настроени кон секого, оти само на тој начин, го докажуваме човечкото во нас.
Месец и пол, не дели од крајот на оваа учебна година. Благодарност, што останавме во училиштните клупи (впрочем, како што доликува наставен процес), наместо онлајн пред дигиталните средства за комуницирање. Секоја година, се оди во правец на ставот дека најважно е на школо да ги имаме сите петки, наместо реално да процениме колку детето покажува интерес да работи и соработува, за да стигне до посакуваниот резултат. Тоа се повторува години и години наназад. Најважна е контролата од дома, односно колку родителите посветуваат внимание на нивните најмили, да ги прашаат како им оди наставата, по кои предмети на пример, имаат одредена тешкотија, или пак, по кои предмети без проблем совладуваат материјал. Тоа ретко се случува. Затоа, реагираме за: „подарени“ или народски кажано: „надуени“ оценки, кои нема да им бидат од никаква корист, на тие што треба еден ден да градат работен профил и да бидат вклучени во едно работно опкружување. Нашите навики се традиционални: ги имал ученикот сите петки, а една или две четворки и сега гледаме со разни притисоци, тие да станат петки. Тоа не е во ред и така не треба. Секој, да си ја гледа својата должност и обврска и да не се меша во работата на другиот. Оти, секој знае колку може да постигне и каков капацитет има. И што со тие барања за оценки? Кој на кого му прави штета? Не смее никој, да се меша во работењето на наставникот и во неговото оценување. Оти наставникот покрај предавач и оценувач, тој е втор родител на учениците од воспитен карактер (да советува, да помага, да искара, да покаже прав пат како треба). Или, тоа не е важно? Се разбира, најважно е! Учениците, скоро половина ден се на настава, односно во нивниот втор дом – на училиште. Тие се толку многу интелигентни, надпросечно да кажеме, што самите можат да проценат колкави се нивните постигања на школо. Не е до нив, ами до родителите е, кои бараат оценки. Да се поправиме, и да ги оставиме учениците да постигнуваат онолку, колку што умеат. А ние наставниците, тука сме, за било која потреба. Никогаш не сме се спротивставиле ако треба некаде да помогнеме. Но, за тоа е потребен паметен разговор, да согледаме еднаш каде постои пропуст (ако постои) и да го надоместиме. Најважна е разбраната комуникација: наставник-родител-ученик-наставник, оти така континуирано се следат постигањата на школо. Не, само на родителски, родителите треба почесто да се интересираат, да доаѓаат на училиште и да прашуваат како се нивните деца на школо. Оти, ако учиме само за оценки, тогаш подобро е воопшто да не учиме, можеби така е најлесно, ама последиците се непоправливи.
Концентрацијата на часот е исто така важен предуслов да следиме како нѝ се одвиваат активностите, или што наставникот задал за домашно. Не смеат мислите на час, да бидат „рассеани“, или по социјалните мрежи. Најлесно е да го обвинете наставниот субјект, но размислете и запрашајте се, од морален и учтив карактер, дали е баш така?! Размислете што сѐ им дозволувате на своите деца, и колку привилегии им давате (има и исклучоци, нормално), за тие да „учат“ само за оценки, а не, за реално и квалитетно знаење.
Уште еднаш, им порачувам на сите драги и вредни ученици: за никого не учите, ами за вас, лично. Не значи дека ако вашиот родител е доктор, и вие треба еден ден да бидете доктор (тоа е веќе стереотип). Не се водете од тој принцип, оти желбата треба сама да ве води во животот. Многу сте напредни како генерации... Тие формални бројки кои се најбарани, не се гаранција за успех, никаде нема да послужат (ама за тоа, еден ден можеби ќе се сетите). Давајте го најдоброто од вас, дејствувајте во правец на способностите, верувам дека можете, и ќе повторам: тука сме, сите ние наставници за вас, за ваше добро. Ништо не сме скратиле кај никого и ниту ќе дозволеме такво нешто. Богатството е скриено во секого од нас. Од него започнува секој труд и успех!
Пишува: Александар Адамовски, професор по македонски јазик и литература и француски јазик
Младински културен центар - Битола (официјален младински клуб на УНЕСКО) за одбележување на Меѓународниот ден на џезот ќе организира концерт во живо на ЗУЛУ 3.4 во недела на 30 април 2023 година, со почеток во 22 часот во Порта Џез во Битола.
Овој концерт по деветти пат ќе ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.
Зулу 3.4 е современ фјужн бенд од Скопје.
Зулу 3.4 е трио составено од млади професионални џез музичари чија цел е константно да ја изненадуваат својата публика со нови звуци и необични аудио-визуелни искуства кои се резултат на постојаниот еволуциски процес на мешавината од стилови и звуци. Ова трио годинава е добитник на наградата за најдобар млад македонски џез бенд, што традиционално се доделува секоја година од страна на Скопскиот Џез Фестивал.
Настанот се организира во партнерство со Порта Џез и со финансиска поддршка на Општина Битола. Влезот е бесплатен.
ДПМНЕ и градоначалникот Тони Коњановски го “заглавија” во долг од над 1 милион и 200 илјади денари Јавното претпријатие Паркинзи, обвини ЈАдранка Павловска, советник од СДСМ.