АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Фотографии од традиционални музички инструменти кои претставуваат културно и музичко обележје на 24 земји во светот вчера беа изложени во Магазата во Битола. Изложбата под мотото „Сподели култтура (Share Culture)“ беше во организација на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија, во соработка со CIOFF Youth (Младинската секција на светската организација за фолклорни фестивали и фолклорна уметност). На оваа изложба беа изложени десетици фотографии од иструменти како дел од заложбата на CIOFF за зачувување на светското културно наследство, каде се јавува и како единствена организација, партнер на УНЕСКО од таа област.
Со Меморандумите за соработка што денес ги потпишаа неколку образовани институции од Битола со АД ЕЛЕМ и РЕК „Битола“ во Комбинатот ќе се обезбедат исти услови за студентите и средношколците што доаѓаат на пракса какви што имаат и вработените, најави генералниот директор на РЕК, Васко Ковачевски. Меморандуми за соработка беа потпишани со Средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“, Средното општинско училиште „Таки Даскало“ и Техничкиот факултет и Факултетот за информатички и комуникациски техологии од Битола.
Сетете се само на детскиот развој. Ништо неможете да правите сами, потребна ви е поддршка – за да проодите, да ја научите азбуката, да научите математика, да научите да комуницирате со луѓето околу Вас, да научите да се облечете, со еден збор кажано за сѐ. И кога ќе ги научиме основните работи и се впуштиме сами низ животот сите чувствуваме дека ни е потребна поддршка. Возрасните таа поддршка ја земаат ,,здраво за готово,, како да се подразбира и остануваат без неа. При тоа остануваат покуси во својот напредок. И нормално е да не ни треба поддршката од истите луѓе како претходно, но исто така факт е дека без нечија поддршка која ни е потребна ние ќе поминеме по потешкиот пат. Секако го поминуваме истиот, но добивајќи ја поддршката чувствуваме дека не сме сами и на тој пат минуваме фокусирани на самите себе, но и на целта на која треба да стигнеме.
Битолската полиција поднесе уште една кривична пријава против екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Овој пат тој се товари за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Според полицискиот извештај, Талески во период од 2015 до 2017 година, спротивно на Законот за локална самоуправа дозволил две правни лица да бидат ослободени од плаќање месечен надомест за вршење линиски превоз на патници во општина Битола. Со ваквата постапка тој нанел штета на општината во висина од 799.200 денери.
АД Електрани на Македонија ќе го одбележи Денот на рударите – 28 август со редица настани, од кои дел ќе бидат и во Подружницата РЕК Битола и во Битола.
В понеделник, на 27 август во 11 часот, во просториите на АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола ќе бидат потпишани Меморандуми за соработка со СОУ Таки Даскало и СОУТ Ѓорѓи Наумов од страна на директорите на училиштата и генералниот директор на АД ЕЛЕМ, д-р Драган Миновски, како и Меморандуми за соработка на АД Електрани на Македонија со Техничкиот факултет Битола и Факултетот за информатички и комуникациски технологии.
Не стивнуваат реакциите и обвинувањата меѓу Општината и ПСК „Пелистер“ за обнова на планинарскиот дом „Копанки“. На денешната седница на Совет, градоначалничката Наташа Петровска, рече дека домот треба да биде направен од битолчани за битолчани, а не за да завршуваат парите во приватни џебови. Од ПСК „Пелистер“ ден претходно испратија отворено писмо до неа обвинувајќи ја дека не ги слушала нивните аргументи за законската можност Општината да помогне во обновата на домот иако е приватен имот, поточно во нивна сопственост.
Несогласувањата настанаа пред неколку месеци кога од Општината изјавија дека имаат пари да го обноват домот, но ќе треба да им се префрли сопственоста зашто државни пари не можат да се користат за обнова на приватен имот, а од ПСК „Пелистер“ почнаа сами да го градат одбивајќи да се откажат од сопственоста.
„Во една прилика кога зборувавме како да го направиве објектот, а да не изгледа како користење на државни средства во нешто што е приватна сопственост, на едем мој пријател му реков: ‘Ќе излезам на медиум и ќе кажам ајде сите ние битолчани да станеме членови на ПСК Пелистер и сите да го изградиме, така ќе биде на сите битолчани’. Пријателот ме посоветува: ‘Не му го кажувај ова на никој друг додека не го кажеш на медиум’. По ова, дознав дека на 5 мај 2018 година е сменет Статутот на ПСК ‘Пелистер’ каде се дадени услови кој би можел да биде член на едно здружение планинарско кое се залага за развој на планинарството“, рече Петровска.
Таа го обвини претседателот на ПСК „Пелистер“, Диме Попов( кој пред две мандата беше советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ) дека со сегашните активности ги штител политиките на ВМРО-ДПМНЕ зашто сите досегашни нејзини предлози без размислување ги отфрлале.
„Стојам позади тоа дека Диме Попов ги штити политиките на ДПМНЕ и дека не станува збор за тоа дали ние го сакаме Копанки или не, туку станува збор за сосема друг интерес. Беа повикани, им беше кажано предадете ја сопственоста, Општината ќе го обнови, а вам со одлука на Совет ќе ви даде на одреден број години да го управувате. Предлогот без ден –два за размислување, беше категорично одбиен. За мене тие не се луѓе кои искрено им значи дали Копанки ќе биде возобновен“, рече Петровска.
Вчера ПСК „Пелистер“ испрати отворено писмо до Петровска во кое велат дека законска можност постои Општината да даде пари за обнова иако е приватен, а тие ќе понудат 10.000 ноќевања за деца кои на Копанки ќе одржуваат настава во природа, ќе дишат чист воздух, ќе ја засакаат планината. Но, велат дека Петровска одбила. Попов го бранат дека е човек со интегритет и борец за правда.
„Лично го споменувате претседателот на ПСК „Пелистер“, човек со интегритет, кој се одважи да се бори за правда и му се спротивстави на вашиот претходник, кој на сличен начин како и вие сакаше барем во прво време планинарскиот дом „Копанки“ да биде сопственост на општината, а потоа... Споменувате години, да, во 2015 се изврши легализација, во 2016 имавме средба со вас и со носителот на изборната листа од вашата партија на која беше договорено да се помогне после изборите. Во 2017 чекавме помош, а во 2018 година се одлучивме да започнеме сами“, стои во писмото.
Потоа од градоначалничката побараа да ги покани лично, не преку посредници, па ќе се обидат да го надминиат измислениот проблем, ама во меѓувреме и да градат, за што им била потребна жичарата.
Планинарскиот дом Копанки изгоре пред пет години, а претходните власти не го обновија иако имаше такви ветувања. Сегашните имаат пари и волја, но проблем настана околу сопственоста.
И оваа среда млекарницата „Бимилк“ ги изненади своите потрошувачи со бесплатен појадок подготвен од новиот Баланс + клем јогурт. Сладокусците имаа можност да вкусат нови и оргинални производи, и тоа Освежително смути Баланс + со шумско овошје, со Ванила Мадагаскар и Баланс + Натур.
Докажаниот сојузник на сите оние што му посветуваат значително внимание на избалансираниот и активен начин на живот „Баланс+“, отсега на своите приврзаници им нуди нов оброк што ќе одговори на нивните потреби за пронаоѓање на неопходната енергија, секој ден.
На десет дена пред почетокот на учената година битолските училишта должат над 6,5 милиони денари за неплатена струја. Од 18 училишта на девет со блокирана сметка електричната енергија им е исклучена од крајот на јули. Од Општина Битола велат дека долговите се наследени од претходната власт, дури десет училишта се со блокирани сметки повеќе од шест години, а струја во школите претходниците престанале да ја плаќаат во април 2017 година иако уште не била сменета локалната власт.
Хитот „Добро утро Битола“ по текст на Валентин Соклевски и аранжман на Миодраг Неќак на манифестацијата „Незаборав“ ги стана битолчани на нозе. Песната која некогаш ја изведоа „Битолските конзули“ овој пат ја испеаја дел од членовите на оваа група во придружба на „Калабалак“, Бојан Стојков и професорот Зоран Маневски. Песната ја прикажува Битола како место кое ја смирува душата на секој битолчанец по тагата и осаменоста. За време на изведбата на интерпретаторите на сцена им се придружи и организаторот на „Незаборав“, Панде Димитровски, кој преку манифестацијата им овозможи на биточани да уживаат во серенадите и други песни што имаат битолски белег. Денес за добро утро, „Добро утро Битола“.
Познатата американска ладино пејачка Сара Ароести, која има битолско потекло на сопствениците на пицеријата „Равена“ во Битола денес му подари стара врамена фотогрфија од семејството Ароести Нахмијас кое до пред депортацијата живеело во овој објект на Широк Сокак. На фотогрфијата е и Рашел Нахмијас, роднина на пејачката, која денес има 101 година и е една од најстраите живи битолчанки. Од седумчленото семејство на фотографијата преживеале само Рашел и нејзиниот брат Жак, а придодадената фотографија е од Виктор Нахмијас кој тогаш не бил роден.