АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Македонскиот мултидисциплинарен уметник Никола Узуновски готви на сонце во Битола. Со неговиот перформанс „Соларна кујна“ во четврток во 11 часот во паркот на Офицерски дом ќе биде отворено 13 издание на Фестивалот за современи уметности- АКТО. Но, тој деновиве може да се сретне во дворот на Основното училиште „Гоце Делчев“ како се подготвува за настапот, поточно готви различни јадења.
„Кривото огледало концентрира светлост во оваа зона со рингли и ќе готвиме на тоа. Сега експериментираме со рани рецепти, за да видиме што може да се зготви, а што не, на колку степени, колку долго треба да се готви. Се обидуваме да направиме црни палачинки кои ќе ги користиме како садови за јадење“, рече Никола Узуновски.
Ова е проект за самоодржливост и може да функционира без барање на дополнителни средства.
Словенечкиот уметник Емил Хрватин, еден од тројцата Словенци кои си ги смениле имињата со она на десничарскиот политичар Јанез Јанша, ќе одржи предавање на „Name- readymade“ на 13 –то издание на Фестивалот за современа уметност АКТО што од 23 до 25 август ќе се одржи во Битола. Ова е само еден од перформансите поврзани со феноментот промена на име што се дел од годишениот фестивал, кој пак го носи мотото „Општество во изградба“.
За кондураџиите од опера кои отсвирија 1500 свадби.
Пееја за конзулските балови, а себе си на шега се нарекуваа кондураџии во опера и шнајдери во судот. Публиката ги запамети по шегите и анегдотите, но пред сѐ по извонредните музички настапи дури на 1500 свадби, а не се знае уште колку стотици крштевки и други веселби. Незаборавниот музички состав „Битолски конзули“ кој не е активен подолго време, синоќа оживеа преку осмиот по ред „Незаборав“, манифестација посветена на битолски музички легенди, која неуморно ја организира Панде Димитровски.
Најпознатата битолска улица Широк Сокак досега осум пати го менувала името. Опстојувајќи со векови, секоја нова власт ѝ го менувала името. Била нарекувана по султани, српски кралеви, бугарски цареви, југословенскиот маршал, за на крај битолчани да си го наречат само Широк Сокак.
Во јуни годинава во Битола имало трипати повеќе странски туристи отколку пред осум години, покажуваат податоците на Заводот за статистика. Според нивната база на податоци, во јуни 2018 година Битола ја посетиле 2571 странски турист, а истиот месец 2011 година 859. Во јуни ова лето биле регистрирани 6670 ноќевања од страна на странски туристи, а истиот месец пред осум години 1595 ноќевања што е дури четири пати повеќе. Сепак, не се работи за нагло зголемување на бројот на странски туристи, туку тој постепено се зголемувал во изминатите години.
Само три проценти од улиците во Битола носат женски имиња, а дури 43 проценти машки. Според информации од гугл мапс и викимапиа, Битола има околу 345 улици, од кои околу 150 носат машки имиња, десетина женски, а останатите имиња на места, датуми и настани. На секоја 34-та улица доаѓа по една со женско име.
Поради зачестените појави на бесправно користење на вода на територијата на град Битола и околината каде ЈКП „Водовод“ Битола врши дистрибуција на вода за пиење, во наредниот период ќе бидат организирани зачестени контроли од страна на ЈКП „Водовод“.
При контролите странката е должна да им овозможи пристап на контролорите до местата на потрошувачка на вода, како и до мерилото-водомерот. За сите физички и правни лица кај кои ќе бидат констатирани неправилности ќе се преземат мерки согласно Правилникот на ЈКП „Водовод“ Битола и Кривичниот закон на РМ.
„Лобирање во културата –конзулска дипломатија во Битола“ е новата објавена книга на д-р Марјан Танушевски, долгогодишен новинар, експерт во лобирање и претседател на Научното друштво од Битола. Промоцијата на книгата се одржа синоќа во Салата за клавири на Завод и музеј во Битола. Книгата претставува еден вид ребреднирање на конзулската традиција во Битола која се обнови од 1995 година,па наваму до денес. Содржи опсежна анализа на тоа што сработиле конулите во Битола, посебно преку лобирањето.
Шарена Чешма над баирското училиште „Тодор Ангелевски“ каде и ова лето се разладуваат битолчани од летната жега, постоела и пред сто години. Доказ за тоа е фотографијата од чешмата што била искористена за да се направи разгледница во времето на Првата светска војна. Разгледницата деновиве беше објавена на интернат блогот Битола низ годините и деновите што поминале и доаѓаат.