АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Средното општинско техничко училиште ,,Ѓорѓи Наумов“ од Битола доби грант од Амбасадата на Германија за опремување на дел од училишните кабинети. Амбасадорот на СР Германија, Томас Герберих, градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска и в.д. директорот на СОТУ ,,Ѓорѓи Наумов" Владимир Роме потпишаа договор за грантот со вредност од околу 5500 евра. Со парите од грантот ќе се опремат кабинетите по физика и практична настава - електроенергетика во Техничкото училиште.
ВМРО-ДПМНЕ својот 28-ми родненден ќе го слави оваа недела со почеток во 13 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола, дознава Апла.мк од партиски извори.
На роденденот се очекува да присуствува членство и симпатизери од цела Македонија. Збирното место ќе биде во близина на Спортската сала „Младост“, а потоа со дефиле низ битолското Корзо, поворката ќе стигне до плоштадот Гоце Делчев. Таму ќе се одржи партискиот собир, ќе се интонира македонската химна, се очекува да има обраќања и голема роденденска торта.
,,Што и да верувате дека можете или не можете, во право сте,, (Хенри Форд)
Како што некогаш битолчани доброволно го градеа планинарскиот дом Копанки, така викендов планинарите од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ и други граѓани доброволно се зафатија со расчистување на опожарениот дом. Во доброволната работна акција се изведуваат припремни земјeни работи со цел санација на домот кој изгоре пред пет години. Планинарите и доброволците го чистат домот од разрушени градежни материјали и вегетацијата со која беше обраснат. Акцијата го носи името „Сите за Копанки, Копанки за сите“.
На плоштадот во Ресен се одржа манифестацијата „Сквер арт“. 50-тина ученици од основните училишта од цела Преспа, на ликовната работилница под отворено небо, имаат слобода и можност своите креации да ги престават на плочките на градскиот плоштад „Цар Самуил“, на штафелаи, на хартија и на паноа. Организатори беа Дом на култура „Драги Тозија“ и Општина Ресен.
РЕК „Битола“ произведува струја само со еден блок зашто првиот е во ремонт, а вториот од синоќа е надвор од функција. Од ВМРО-ДПМНЕ денес обвинија дека блокот 2 испадна од мрежата, а од РЕК соопштија дека се работи за планско исклучување.
Градоначалничката Наташа Петровска изјави дека во изминатиот период имало вештачки часови во училиштата и дека сега тоа е отстрането. Сепак, по денешниот собир пред Општина на наставниците на кои им истекоа договорите, таа изјави дека ќе ги прими идната недела.
Општина Битола бара од Планинарско-спортскиот клуб "Пелистер" да ѝ ја отстапи сопственоста врз планинарскиот дом Копанки за да може да изврши целосна реконструкција врз опожарениот објект.
Од понеделник ќе биде обезбедена ампуларна терапија за болните од канцер во Службата за онкологија, соопштија од Клиничката болница во Битола. Од болницата велат дека проблемот настанал поради лошо планирање на ампуларната терапија од страна на претходното раководство, односно потребите од оваа терапија се поголеми од набавениот лек со тендер од минатата година.
Сојузот на училишен спорт, денес им ги додели наградите на најуспешните ученици и екипи од основните и средните училишта во општината, кои во текот на учебната година, спортуваа, се натпреваруваа и освојуваа значајни резултати.
Во училишните општински првенства беа вклучени 3000 до 4000 ученици од 20 училишта, во вкупно 28 првенства во машка и женска конкуренција во кошарка, ракомет, одбојка, футсал, фудбал, шах, пинг-понг. По повод 4-ти ноември беше реализиран и ноќна трка. Сојузот на училишен спорт беше домаќин и на регионалните првенства во кошарка, футсал, голем фудбал и одбојка, а сите реализирани активности континуирано беа поддржувани од Општина Битола.