АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Учениците од ООУ Славко Лумбарковски- Новаци, го одбележаа Светскиот ден на детето преку акција за ддонирање на дидактички средства под мотото „Од децата за децата“. Изминатиот месец учениците од сите оддлеченија, секој со своите знаења и умеења, под менторство на нивните наставници израборуваа дидакктички средства за децата во ЈОУДГ Бамби- Новаци. Изработените дидактички средства се одликуваат со одличен квалитет, висока посветеност при изработката.
Идејата за ваква акција потекна од училишниот парламент, кој традиционално е носител на ученицичките иицијативи во склоп на Отворените денови по граѓанско образование. Отворените денови на граѓанско образование се резултат на желбите и залагањата на учениците за активно граѓанство и промени во средината на живеење. Водејќи се од мислата „Мисли глобално, делувај локално“, поттикнати од ентузијазмот и љубовта кон учењето, децата решија да го олеснат процесот на учење на своите помали другарчиња. Носители и реализатори на иницијативата се учениците, додека наставниците ги поддржуват и ги менторираат.
Во спроведувањето на оваа иницијатива учествуваа Анета Соклевска- оддделенски наставник, Марина Јовановска- психолог, Тамара Станческа- дефектолог и Васко Гичевски- наставник по Граѓанско образование. Координатор на целокупниот проект Отворени денови на граѓанско образование е Вецко Стојчевски- директор на училиштето.
Ученичките иницијативи се првиот чекор кон равивањето на активното граѓанство. Современите општества се општества на активниот граѓани. Едноставно кажано секој од нас е должен со свој допринос давлије врз средината која што живее. Се надеваме дека ваквите акции ќе бидт уште побројни и поквалитетни, бидејќи така се трасира патот кон успешна и светла иднина- порачаа наставниците.
Зградата на Инфективното одделение, која до недоамна беше и дел од Регионланиот ковид центар во Битола, е затворена за да се заштеди струја и парно греење. Одделението е преместено во модуларната болница заедно со микробиолошкото. Зградата е стара стара педесет години и никогаш до сега не била целосно реновирана. Директорот на Клиничката болница од Битола, Д-р Александар Обедниковски ги отфрли гласините дека зградата ќе се продава и изјави дека се собираат средстава од Комората на Југозападна Македонијаза да се реновира и затоа е затворена.
„Дополнително имаме барање од Министерството за здравство да намалиме со трошоците за електрилчна енергија и греење поради тоа ја затворивме цела зграда од Инфективното одделение за да можеме да ја опслужиме подобро главната болничка зграда. Со тоа се намалија скоро 20 проценти трошоците за струја и парно“, рече Обедниковски.
Воедно, како и во другите болници низ градовите во државата, така и во Битола недостига лекарски кадар. На Инфективното одделение, едно од службите со најдолга традиција во Битола, останаа само две лекарки специјалисти, па затоа работи од 7 часот на утро до 19 навечер, а во останатиот дел од денот пациентите се примаат на Интерното одделение или во Службата за ургентна медицина.
„Како и во цела Македонија, кадар недостасува секаде, се надевам дека ќе има вработувања за брзо време за што одлучува Министерството за здравство. Бараме 94 вработувања за Битолската болница, колку ќе одобрат зависи од Министерството за здравство и финансии. Барањата ги испратив веднаш по моето доаѓање за директор уште во месец август. Вршиме континуиран притисок врз надлежните да се одобрат вработувањата. И Клиничката болница нема да го загуби својот статус“, рече Обедниковски.
Најмногу недостигаат специјалисти на Одделенијата за педијатрија, неврохорургија и неонатологија
Исмејување на осмооделенка зашто сакала да игра фудбал, друга девојка соучениците ја нарекувале бубалица зашто многу учела, лани две Ромки не отишле на матура зашто во социјалната група на Интернет биле навредени да не прават „ѓупска работа“. Ова се само дел од примерите кои беа посочени на трибината „Не за врсничко насилство“ што се одржа во Битола по повод Светскиот ден за превенција од насилство врз децата. Дури 42 проценти од децата во Македонија се евидентираат себеси како жртви на врсничко насилство, а во последните години ескалира сајбер малтретирањето. Најранливи групи се децата од помалите етнички заедници и оние со попречености.
„На Ромите на училиште им зборуваат дека се сиромашни, ги одбиваат за дружење, па тие обично седат на задните клупи, помалку се дружат, тоа е и најголемата причина зошто и не продолжуваат во средните улчилишта. Имавме пример, матурантки Роми не се појавија на матура зашто во социјалната група на Фејсбук каде комуницираа тие беа навредени од нивните соученици ‘ајде сега да не ја правиме ѓупската работа’ и други коментари. Секој не може да се спротивстави сам на ваквото насилство и многу ми е жал што поради вакви настани има деца кои не одат на училиште“, рече Фатма Бајрам-Аземовска од Здружението Сумнал-Битола.
Учесниците на трибината психолози, настааници и ученици беа едногласни дека оваа тема треба дефиниотивно да излезе од кругот на табуто и дека за неа треба активно да се зборува.
„Податоците укажуваат на алармантна состојба со насилството во училиштата. Скоро 150 милиони деца во светски рамки се жртви на насилство во и вон училишните клупи, а состојбата е алармантна и во нашата држава. Истражувањата кои беа напревени минатата година покажаа дека скоро 42 проценти од децата во Северна Македонија се евидентираат себеси како жртви на насилство во училиштата. За разлика од претходно, кога врсничкото насилство беше најактивно во училишните клупи и беше физичко и психичко, сајбер булингот е во моментална ескалација, рече доц. д-р Ивона Шушак- Лозановска од Правниот факултет при Универзитетот „Климент Охридски“ (УКЛО) во Битола.
Ако физичкото и психичкото насилство во школите се ограничуваше само на времето кога ученикот е на училиште, сајбер булингот трае 24 часа на ден затоа и последиците се големи.
„Сајбер булингот не завршува, детето е 24 часа тероризирано, секој момент неговата фотографија на социјалните мрежи се гледа, се исмејува. Од тоа може да се развие пострауматско растројство, па и во зрели години тие ситуации да се враќаат. Родителите и наставниците многу да зборуваат на безбеден начин да се користат социјалните мержи. Кај сајбер булингот насилникот не гледа што ѝ прави на жртвата, помалку се чувствува емпатија. Сето ова кај жртвата предизвикува ниска самодоверба и не се цени себеси“, рече Јасмина Василевска, дипломиран и лиценциран психолог, обучена за когнитивно-бихевиорална психотерапија.
Трибината беше во организација на Правна клиника при Прваниот факултет и Ротари клубот Битола -Пелистер.
Денеска, во Битола се одржа чествување по повод 78 годишнината од формирањето на Првата eгејска македонска ударна бригада, која беше формирана на 18 ноември 1944 од трите партизански одреди од Воденско, Леринско и Костурско.
Свежо цвеќе пред спомен плочата, положија заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски и градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски, како и претставници на други делегации.
Чествувањето на овој јубилеј беше во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола.