2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во сабота на Широк Сокак во Битола ќе се отвори книжарница на „Литература.мк“. Отворањето е закажано за 12 часот. Стартот на новиот продажен простор ќе биде одбележан со концерт на познатата битолска група „Фолтин“, коктел-забава, како и многубројни изненадувања за најмладите.
На денот на отворањето во книжарницата ќе има специјален попуст од 30 отсто на сите изданија на „Арс Ламина – публикации“.

Во простор од 20 m2, со модерен, артистички уреден ентериер, книжарницата „Литература.мк“ ќе ги донесе светските книжарски трендови и во Битола. Со ова, градот на конзулите конечно ќе добие книжарница по светски терк. Во неа ќе биде застапена литература за целото семејство. На полиците на книжарницата ќе може да се најдат познати домашни и светски наслови, од најголемите издавачки куќи кај нас. Ќе биде понуден голем избор од белетристиката, стручната литература, книжевност за деца и едукативни материјали.

Како веќе препознатливо место за страсните љубители на книгата, вљубеници во пишаниот збор и талкачи низ бескрајниот литературен простор, „Литература.мк“ ќе понуди богата програма, разни случувања и содржини наменети за сите возрасти и за сите вкусови: литературни дружења, гостувања на домашни и на странски автори, креативни средби и едукативни работилници за најмалите читатели.

Почнувајќи од 17 ноември продажниот простор на „Литература.мк“ сместен на Широк Сокак 40, во Битола ќе работи од 9 до 21 часот, од понеделник до сабота.

Јавното претпријатие „Комуналец“ го презема одржувањето на уличното осветлување на териториите на поранешните општини Кукуречани, Цапари и Бистрица, вака одлучи Советот на Општина Битола на вчерашната седница на Совет.

Претседателот на Советот  Валентин Груевски изрази надеж дека во следниот период „Комуналец“’ ќе го преземе одржувањето на уличното осветлување и на подрачјето на општина Битола, со што како што рече, парите на граѓаните ќе остануваат во јавното претпријатие.

Со лаптоп компјутери денес се подновија сите советници во Општина Битола. Набавени се 31 компјутер со цел Советот да биде елетронски, а работата на советниците побрза и поефикасна. И изминатите состави, советниците во неколку наврати добиваа лаптоп компјутери како средство за работа.

За да им бидат надоместени парите на учениците кои во изминатиот период патувале на сопствен трошок до училиште, ќе треба да бидат заведени во извештаите на директорите дека присуствувале на настава и да ги зачувале фискалните сметеки. Вака денес одлучи Советот на Општина Битола за учениците кои патуваат од места каде нема линиски превоз или се од други општини.

Општина Битола го задолжи инспекторот за животна средина да испрати допис до ресорното Министерство за да се стави во функција мерната станица Битола 2 во центарот на градот.

По повод сто години од Денот на примирјето во Првата светска војна, комеморација се одржа и на Германските гробишта во Битола каде се закопани илјадници жртви од германските воени трупи од војната.

Вчера во руникот Брод Гнеотино багерот СРС 2002  при пренесување ја оштетил транспортната лента ТЗ и носечката конструкција. Од раководството велат дека повредени работници нема, а дека се работи за мал дефект.

„Таков еден мал дефект се случи вчера , се прават анализи во однос на штетата , првичните анализи покажуваат дека штетите не се големи, санацијата на тој дефект ќе трае од пет до седум дена, системот нема да биде во функција овој период, меѓутоа овој период ќе го искористиме за санација на други делови од самиот систем од рудникот Брод Гнеотино. Повеќе детали би оставил да кажат стручните служби и извештајот што ќе го подготвуваат , па ќе пренесеме која е причината, дали е човечки фактор, дали е дотраеност на опремата и неинвестирањето досега во така опрема“, рече директорот на ЕЛЕМ, Драги Миновски.

Македонија се помирува со соседите и таа поставува камен темелник на новата изградба на Европа, рече францускиот амбасадор Кристијан Тимоние од комеморацијата по повод 100 години од крајот на Првата светска војна, што се одржа на на Фрнцуските и Германските гробишта во Битола.

Канализацијата во индустриската зона Жабени била пуштена во употреба без технички прием, соопштија од Општина Битола. Формирана е комисија која треба да ја согледа цела ситуација зошто било тоа така и зошто од 2013 година до сега немало технички прием.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани