АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Надзорниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) го назначи Васко Ковачевски за претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ, соопштија од компанијата.
Ковачевски беше досегашен директор на РЕК „Битола“, а назначен е за генерален директор на ЕСМ на местото на досегашниот прв човек Драган Миновски. Инаку, Ковачевски е дипломиран инженер по термоенергетика.
Нов директор на РЕК Битола ќе биде назначен од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ.
Во 2017 и 2018 година нагло пораснал бројот на лица со македонски пасош што добиле дозвола за престој во земјите на ЕУ, рече Марко Јосифовски , претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Битола ден по пресот на младите на СДСМ на кој беше соопштено дека за време на владеењето нА сегашната опозиција во 2015 година се иселиле 20.562 млади.
Фотографии од прочуениот германскиот фотограф Курт Хејлшер направени во првата половина од минатиот век ќе бидат изложени на 49- то издание на Интернационалниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ што од 24 до 31 јули се одржува во Битола. Хејлшер на своето патување низ тогашното Кралство на СХС направил 1200 фотографии од кои избрал 191 слика за колекција со пејсажи, архитектура, носии и начин на живот во тоа време на овие простори. Направил посебен албум за фотографиите од Македонија, кои, покрај документарна имаат и уметничка вредност, бидејќи до израз доагаат носиите и амбиентот.
„Почитувани носители на власта време е да му признаете на граѓаните дека во оваа држава единствените кои постојано бегаат сте вие. Време е да го погледните народот во очи и да признаете зошто бегате од предвремени парламентарни избори, зошто не сакате да се соочите со граѓаните и со суровата вистина дека ги излажавте и ги разочаравте“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по саботниот прес на Борче Корлевски од СДСМ.
„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицкоски викендов беше во дводневна посета на Битола, два дена помеѓу граѓаните, слушајки ги нивните реални проблеми, потреби и нивните предлози за подобро утре, она што вие се плашите да го направите. Наместо на лидерска средба Мицкоски беше помеѓу македонскиот народ на средба од која вие веќе 2 и пол години бегате“, пишува во реакцијата.
Денес се навршуваат 77 години од смртта на тројцата битолски партизани Кочо Десано, Блаже Рогозинаро и Ѓорги Наумов, кои на 21 јуни 1942 година беа обесени во Скопскиот затвор. По повод годишнината од нивната смрт Сојузот на борци од Битола положи свежо цвеќе пред спомен бистите Блаже Рогозинаро и Кочо Десано во Градскиот парк, а на Ѓорѓи Наумов во АМСМ во Битола. Дел од претседателството имаше можност да разговара со управителот на АМСМ и разговараа за иницијативата за поставување на спомен-биста на Ѓорѓи Наумов во Градскиот парк во Битола.
На есен најмалку за една третина ќе биде намалено производството на квалитетни јаболка во Преспа, а последиците од големото невреме што пред десетина дена ја зафати Долна Преспа ќе се чувствуваат и во следните две години.
„Во делот кој беше зафатен од ураганот, ние така го нарековме невремето, нема да имаа воопшто јаболка. Штетите се стопроцентни. Околу 400 хектари беа зафатени од невремето на потегот од јужниот дел на Сливница до Маркова Нога. Во тој дел штетаната ќе биде не само за оваа година, туку и за наредната бидејќи се оштетни насадите. Неколку стотини садници се откорнати, а и оние кои останаа се без лисна маса, тоа значи дека одвај би преживеале догодина. Оваа и следната, а можеби и таа по неа година да имме негативни последици, трета години по ред до 2021 година“, вели Љубе Пампулевски претседател на Здружението на овоштари „Благој Котларовски“ од Ресен.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во придружба на координаторот на локалниот огранок во Битола Иванчо Тошевски и други панинари денес се искачија на врвот Антена на Пелистер. Ова беше дел од активностите за одбележување на 29-от роденден од основањето на ВМРО-ДПМНЕ Битола. Тие го посетија и споменикот Пирамида посветен на македонскиот алпинист Димитар Илиевски Мурато од каде се протега прекрасна глетка кон Преспанското Езеро.
На местото каде што е денешна Жито Битола од памти век имало млин. На тоа место се наоѓал еден од првите млинови во Битола и му припаѓал на богатиот Исмаил бег кој живеел за време на Османлиската империја. Ова е само дел од податоците за животот во Битола во турско време што со публиката на Локум фест ги сподели студентот по историја Васко Гичевски кој има пасија да го истражува отоманскиот период.
Предлог законот за СЈО треба да го добиеме и разгледаме, треба да видиме што Заев во спрега со рускоско обвинителството ѝ понуди денес на македонската јавноста, изјави за медиумите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој вечерва е присутен на пролсавата 29 години од формирањето на огранокот во Битола.