2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

77 години од смртната казна извршена врз Кочо Десано, Ѓорги Наумов и Блаже Рогозинаро

Јули 21, 2019

Денес се навршуваат 77 години од смртта на тројцата битолски партизани Кочо Десано, Блаже Рогозинаро и Ѓорги Наумов, кои на 21 јуни 1942 година беа обесени во Скопскиот затвор. По повод годишнината од нивната смрт Сојузот на борци од Битола положи свежо цвеќе пред спомен бистите Блаже Рогозинаро и Кочо Десано во Градскиот парк, а на Ѓорѓи Наумов во АМСМ во Битола. Дел од претседателството имаше можност да разговара со управителот на АМСМ и разговараа за иницијативата за поставување на спомен-биста на Ѓорѓи Наумов во Градскиот парк во Битола.

 

КОЧО ДЕСАНО УМРЕЛ НА 22 ГОДИНИкочо

Во 1942 година во Скопје од фашистичките окупатори бил осуден на смрт и обесен Кочо Десанов–Десано, истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден бил во Битола во 1920 г. Во синдикалното движење бил вклучен од пред Втората светска војна. По окупацијата на Вардарскиот дел на Македонија бил примен за член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). Во април 1942 година бил непосредно ангажиран во организирањето, прифаќањето и испраќањето на борците од градот Битола кон партизанскиот логор над битолското село Лавци, каде требало да биде формиран првиот партизански одред во Битолско. По уништувањето на партизанскиот одред „Пелистер“ тој бил откриен. Оокупаторскиот воен суд го осудил на смртна казна со бесење која веднаш била реализирана во Скопскиот затвор на 21 јули 1942 г.

ЃОРГИ НАУМОВ УМРЕЛ НА 26 ГОДИНИ

наумов
Во 1942 година во Скопје од фашистичкиот окупатор на смрт бил осуден и обесен Ѓорѓи Василев Наумов. Тој бил истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден бил во Битола на 18 јануари 1916 г. Потекнувал од земјоделско семејство од селото Битуша, Леринско, Егејски дел на Македонија, кое по Првата балканска војна се доселило во Битола. Бил брат на народниот херој Стеван Наумов-Стив. Работел како шофер и бил вклучен во разни активности на работничкото движење во Битола од пред Втората светска војна. Од 1941 година станал член на Комунистичката партија на Југославија. Заедно со својот брат Стив Наумов мошне рано се пројавил како организатор на антиокупаторското и антифашистичко движење во Битола. Кога битолската партиска организација започнала подготовки за формирање на партизански одред, бил еден од активистите кои најмногу биле ангажирани на таквата задача. На 12 април 1942 г. се префрлил во Лавчанската корија каде бил организиран во партизански логор. Откако пристигнале сите доброволци, на 22 април 1942 г. бил формиран Првиот битолски партизански одред „Пелистер“, а Ѓорѓи Наумов бил назначен за командант на одредот. Спроти празникот Први мај при извршување на илегални задачи во селото Лавци, Ѓорѓи Наумов бил откриен и заробен. На 3 мај 1942 година, Првиот битолски партизански одред „Пелистер“ бил уништен од фашистите. При натамошните испитувања во бугарскиот истражен затворот во Битола, Ѓорѓи Наумов бил подложен на страшна физичка тортура, која храбро ја издржал. Скопскиот воен суд со пресуда бр. 228 од 21 јули 1942 г., на смрт со бесење осудил девет комунисти и партизански борци, од кои неколку во отсуство. Осуден на смрт со бесење бил и Ѓорѓи Наумов. Истиот ден пресудата била извршена во скопскиот затвор.

БЛАЖЕ РОГОЗИНАРО  УМРЕЛ НА 38 ГОДИНИ

рогозинаро
Во 1942 година во Скопје исто така осуден на смрт и обесен бил и Блаже Димитровски–Рогозинаро, истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден е во селото Путурус, Битолско, во 1904 г. Пред Втората светска војна бил печалбар во Франција. Тогаш, најнапред, станал симпатизер на комунистичката идеологија, а потоа и член на Комунистичката партија на Франција. По враќањето во родниот крај ги продолжил своите прокомунистички и македонски национално-ослободителни активности. По окупацијата во април 1941 г. неговиот стан во Битола бил местото каде многу често се криеле и престојувале најистакнатите партиски раководители од градот и околината и местото каде често се одржувале партиски состаноци. Во април 1942 г. Бил во борбениот строј на Првиот битолски партизански одред „Пелистер". При откривањето и уништувањето на Одредот бил заробен од окупаторската војска и полиција на 3 мај 1942 г. Подоцна, на судењето во Битола е осуден на смрт, а казната со бесење беше извршена во Скопскиот затвор на 21 јули 1942 г.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани