2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Оддавањето почит кон делото на браќата Манаки и посетата на гробот на Милтон Манаки на Влашките гробишта во Битола е традиција која ИФФК „Браќа Манаки“ заедно со домаќините од Комуната на Власите и Советот на Општина Битола ја одржува со години.

Добредојде на гостите во комплексот на Влашките гробишта им посака Стефан Хаџи-Андоноски, кој потсети дека во Битола се наоѓа гробот на Милтон, додека Јанаки Манаки е погребан во Солун. Додаде дека годинава навршија 55 години од смртта на Милтон Манаки.

-На ова место пред 40 години, кога организиравме комеморација за Милтон Манаки, ја покренавме иницијативата за вечен спомен на големото дело на Манакиеви. Така се роди идејата за Манакиевите средби кои прераснаа во Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, објасни Стефан Хаџи-Андоноски.

Директорката на 40. ИФФК „Браќа Манаки“, Гена Теодосиевска, изразувајќи почит кон делото на браќата Манаки упати благодарност и со сите кои даваат несебична поддршка во одржувањето на Фестивалот, како Општина Битола, Министерството за култура, Агенцијата за филм, сите културни институции во Битола и, секако, граѓаните и публиката во Битола.

Кинематограферот и лауреат Јоргос Арванитис, поклонувајќи се на гробот на Милтон Манаки, рече дека треба да се продолжи да се негува делото творештвото и делото на браќата Манаки и се потсети дека пред повеќе од 10 години бил присутен на истото место само на еден ден, кога заедно со режисерот Тео Ангелопулос направиле снимки за потребите на филмот „Ulysses Gaze“. Тој ден во Битола имало голем снег, а сега забележал дека градот е сосема поинаков од тогашното време. Делегацијата на Советот на Општина Битола беше предводена од Валентин Груевски, а присутни беа и советниците Биљана Поповска и Иванчо Тошевски.

Почит кон делото на Милтон Манаки оддадоа и Пол Рене Ростад, претседател на Бордот на ИМАГО, кинематограферот Рајнер Клаусман, членовите на фестивалското жири Доминик Велински и Фејми Даут, уметничкиот директор на фестивалот Благоја Куновски - Доре, како и други кинематографери, автори и гости на 40. ИФФК „Браќа Манаки“.

Здружението на пензионери од Битола го одбележа 20 септември, Денот на пензионерите, а Извршниот одбор и Собранието на Здружението под претседателство на Томе Димитровски и Крсте Белевски одржаа состанок на кој донесоа одлука да се формира Комисија за купување на просторија за клуб на пензионери каде нивните членови ќе можат да врват дел од слободното време. Комисијата ќе работи во следните денови, просторијата е најдена, само треба да се договорат со сопственикот за купување, а не за плаќање откупнина. Се донесе одлука за прифајќање на донацијата од ЈП „Комуналец“ за поставување клупи на влезот кај објектот на пензионерите  со што тој ќе добие естетика, а во следниот период ќе се изгради и настрешница. 

 В недела во Радовиш ќе се одржи спортски натпревар на пензионерите на кој ќе учествуваат 850 пензионери, од кои од Битола 30 лица во некоку спортски дисциплини. На 25 септмеври во Битоа ќе се одржи регионана средба со наслов „Пензионерите пеат“, ќе учествуваат десетина групи со по две изведби. Меѓу нив ќе биде и „Сирма војвода“ која работи при битолското здружение и неодамна настапи и на Илинденски денови и на други културни манифестации. 

 пен 2

пен 3

Санела Шукриевска, средношколка од Музичкото училиште во Битола денес ги наежи и воодушеви битолчани и другите гости кои присуствуваа на прославата за европска соработка на плоштадот Гоце Делчев во Битола, со својот моќен глас и изведбата на мелодијата „Море сокол пие“. Таа настапи во придружба на хорот на ОУ „Кирил и Методиј“ каде учеше до лани.  

Учениците од ОУ „Тодор Ангелевски“ предводени од наставничката Весна Гагаловска и директорката Љубица Стерјева, денес со свои музичко-сценски точки ја разубавија програмата со која се одбележа Денот за европска соработка на плоштадот Гоце Делчев во Битола. uce 4

uce 5

uce

uce3

uce5

uce6

 

Ахилес Ракинас е новиот грчски конзул во Битола. Денес му беше прв работен ден во Конзуларното преставништво на Грција во Битола и уште истиот ден присуствуваше на прославата за европска соработка што се одржа на плоштадот Гоце Делчев во Битола. 

Во изградба е граничниот премин кај Маркова нога во Преспа. Обезбедени се 4,5 милиони евра за неговото отворање со цел да се подоби комуникацијата и економијата меѓу пограничните региони на нашата земја и Грција, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски на денешната прослава на Европски ден на соработка во Битола.

Европската Унија до 2020 година обезбеди 45,5 милиони евра за финaнсирање на проекти во пограничниот регион на нашата држава и Грција помеѓу општините од двете страни, нво секторот и граѓаните, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски на денешната прослава на Европски ден на соработка во Битола.

Платата на вработените во Јавното претпријатие „Водовод“ се зголемува за 5 проценти, а исто така се зголемува и бодот за исплата на плата на сите вработени во ЈП „Нискоградба“ од 13 септември годинава. Ваквите одлуки на јавните претпријатија денес добија и согласност од Советот на Општина Битола.

Советот денес даде согласност за годишниот план за вработувања во општинската администрација на Општина Битола за следната 2020 година. Според донесениот план, моментално во општинската админситрација има 146 вработени, а по основа на пензионирање и испразнети работни места за в година се планираат 36 нови вработувања.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани