АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Експлозијата што се случи вчера вечер во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола настанала од запалено буре од 50 литри мешавина од ацетат и алкохол, велат од печатницата. Пожарот се случил во просторија за рециклажа, a od менаџментот на фирмата велат дека немаат материјална штета и дека нема повредени.
Битола во текот на вечерта и утрово беше најзагаден град во земјава. Од вчера вечер котлината е приклештена до магла, по битолски кажано сињак, која не дозволува проветрување и загадувачките супстанци остануваат под маглената капа. Видливоста е намалена на десет до петнаесет метри.
Вчера во 19,30 часот во СВР Битола, Г.Г (48) од Грузија, пријавил дека околу 15,00 часот на бензинска пумпа на локален пат за с.Кравари,битолско му било извршено разбојништво од лице кое го превезувало во своето возило, при што му биле одземени пари и накит.За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
По 45 години, вчера во градинката „Пролет“ пристигна нов мебел. Со него заменет е оној кој бил поставен уште во 1974 година кога била отворена градинката. Минатата недела комплетно беше опремена и градинката „Снегулка“, исто една од најстарите која користеше мебел од отворањето, што би се рекло во распаѓање зашто времето си го стори своето.
Северната трибина од стадионот „Под Тумбе кафе“ која интензивно се гради почнува да го добива новиот лик. Претседателот на Советот Валентин Груевски на својот фејсбук профил објави видео на кое се гледа до каде е изградбата на трибината. Изградбата на северната трибина се одвива според предвидената програма и динамика за реализација на проектот. Наскоро стадионот ќе добие комплетно опремена трибина за 4500 гледачи , со соблекувални, со прес канцеларии, свечена ложа и сите пропратни елементи.
За Солуна, За Стамбола Неа Не Давам... (Неделна Рубрика)
Битолската Саат-кула за која се смета дека е стара пет века и дена била изградена со додавање на 60 000 јајца во малтерот, овој пат вештите раце на членките од Организација на жени ја претставија на најкреативен и највкусен начин. Ова култно битолско архитектонско обележје беше дел од нивната инспирација да ја подготват свечената трпеза „Новогодишна Битола“ на интернационалниот гастрономски натпревар во Етно Село во Кумановско, пренесува порталот Сдк смарт.
Вработените на АД ЕСМ од дирекцијата и од подружниците во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Струга и Кавадарци се вклучија во државната акција за чистење која се спроведе денеска.
За Битолската полиција денес беше работен ден. Го искористија како и сите други државни институции за да го исчистат кругот на СВР Битола, а и пошироката околина. Полицајците и други вработени во текот на денешната акција ги засукаа ракавите и од разни отпадоци го исчитија кругот околу Управната зграда.