АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ФОД ДООЕЛ Новаци, во согласност со мерките на Владата на РСМ, препораките на Министерството за здравство и одлуките на АД ЕСМ започна со дезинфекција на управната зграда, заедничките простории и централната работилница.
„Во текот на утрешниот ден продолжуваме со дезинфекција на останатите работни простории на друштвото“, соопшти директорот на ФОД, Методија Тасевски.
Тој уште на самиот почеток на епидемијата формира работна група, која во соработка со Синдикалната Организација ја прати состојбата, ги информира вработените и доставува потребни хигиенски и лични заштитни средства. Сите вработени кои имаат хронични заболувања и деца помали од 10години се ослободени од работните обврски, според препораките на Владата.
Покрај локалното делување на работната група за спроведување на мерки за превенција-болест COVID 19 (коронавирус) на Општина Битола од почетокот на оваа недела, со засилените мерки, препораки и преземени активности во однос на сообраќајот и зголемената хигиена во сите општински установи, Општина Битола координирано е во соработка со сите институции во градот кои имаат одредена надлежност и поврзаност со активностите поврзани со COVID 19, односно корона вирусот.
Во најголемиот дел од маркетите во Битола, дури и во оние со поголем капацитет, разграбани се количините на леб. Рафтовите се веќе празни иако од продавниците кажуваат дека денес биле нарачани и поголеми количини.
Покрај лебот, се празнат и рафтовите со брашно, масло, млеко, јајца, тоалетна хартија, паштети, замрзна пилешко место, замрзнат пакован зелкчук...
Еден странски државјанин, претставник на една од меѓународните организации, е тестиран на коронавирус преку Центарот за јавно здравје во Битола, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција. Тој не откри други податоци за странецот. Рече дека откако ќе се добијат резултатите ќе се соопштат во јавноста. Инаку денес на овој вирус се тестираа девет лица во земјава, а заразени има 13.
Актуелната советничка од ДОМ во битолскиот Совет, Ристенка Алтипармаковска, се најде на листата со кандидати за пратеници од страна на коалиционите партнери на СДСМ. Таа е на 17 место на листата и е четврт кандидат од Битола кој се најде на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во 5 изборна единица. ДОМ на претстојните предвремени парламентарни избори ќе настапи во коалиција со СДСМ.
Ж.З.
Битолската подружница на Агенцијата за вработување ги известува сите невработени лица да го одложат редовното пријавување во Центрите за вработување во термините што им биле утврдени на последното редовно пријавување, се до истекот на важење на донесените мерки за заштита од коронавирус инфекцијата (24.03.2020 година), а истото ќе им биде оправдано од страна на Агенцијата за вработување.
Националната установа Завод и музеј Битола од утре нема да прима посетители. На својата интерент страница од Установата објавија дека согласно препораките и мерките за заштита и превенција од Ковид-19 вирусот, од утре ќе бидат затворени за посетители. Не е посочено до кога ќе трае забраната, но Музејот е една од најпосетените локации во Битола од страна на туристите, посебно на оние кои доаѓаат од Турција.
Ж.З.
Веќе два дена во битолските аптеки трае навалица од купувачи кои се снабдуваат со различни антибактериски средства за дезинфекција на рацете и други површини.
Фармацевти за Апла.мк велат дека утрово добиле нова пратка и за половина час битолчани ја разграбале. Па, денес претежно на рафтовите беа останати антибатериски гелови од 50 милилитри. Овие средства за дезинфекција на рацете можат да се набават по цена околу 50 денари за педесетина милилитри.