Анета Блажевска

Анета Блажевска

По поставувањето на новите канделабри на пешачката улица на „Булеварот 1 Мај“,  поставени се  нови канделабри и на реконструираниот дел од улицата „Димитар Илиевски Мурато“.

 На 16-тото Генерално собрание на Мрежата на асоцијации на локални самоуправи од Југоисточна Европа (НАЛАС) кое од 12-14 април се одржа во главниот град на Молдавија, Кишињев, свое обраќање имаше градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

На Вториот форум на жени-градоначалнички во Југоисточна Европа, на тема „Инклузивен локален економски развој“ единствен говорник од Република Северна Македонија беше градоначалничката Петровска, која во своето излагање се осврна на влијанието на пандемијата врз работните обврски на жените, како и помошта, која Општина Битола ја дава при одредени реализации на програми за вработување. Таа посочи неколку практични примери, преку кои со поддршка на општината е овозможено жените да отворат сопствен бизнис, да креираат идеи и да ги реализираат во насока на сопствена егзистенција.

„Во Македонија од 10 најпогодени сектори и според падот на невработеност и според падот на плати, само во 2 сектора жените се над 50%. Иако најпогодените сектори се доминантно машки, отпуштањата од работа во земјата генерално се покажаа побројни кај жените“, рече Петровска.

Преку анкетирањата кои што беа дел од овој форум, учесниците ги искажаа своите ставови и мислења, по одредени прашања поврзани со влијанието на кризата врз активностите на жените во општеството. На форумот со свои дискусии учествуваа и градоначалнички од Словенија, Романија, Молдавија, а свое обраќање имаа и претседателката на НАЛАС Татјана Бадан, како и Ермира Лубани од Регионалната канцеларија на UN WOMEN.

По целосната реконструкција на зградата на Офицерскиот дом во Битола, започна и партерното уредување околу овој објект.

Деновиве екипите на ЈКП „Водовод“ работат во делот на интервенирање во местата каде што е предвидено да биде поставена дополнителна опрема со која ќе се наводнува околниот простор.

Офицерскиот дом се реконструира со средства кои Општина Битола, на иницијатива на градоначалничката Петровска, ги обезбеди со изготвениот проект за кој доби подгрант средства од Европската Унија во рамките на подгрантовата шема на проектот „Локална и регионална конкурентност“, финансиран од ИПА 2 доверителскиот фонд на Европската Унија, администриран од Светска банка.

Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на КОВИД-19 во:

Во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на КОВИД-19 во:

-Скопје 458
-Битола 96
-Куманово 82
-Прилеп 54
-Велес 47
-Тетово 44
-Кавадарци 36
-Гостивар 33
-Штип 32
-Кочани 28
-Кичево 27
-Охрид 25
-Струмица 22
-Валандово 18
-Неготино и Гевгелија по 17
-Струга 15
-Радовиш 13
-Ресен 10
-Берово и Пробиштип по 7
-Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Виница по 6
-Демир Капија, Демир Хисар и Кратово по 3
-Крушево, Богданци и Пехчево по 2
-Македонска Каменица и Дојран по 1
Пријавени се вкупно 27 починати лица: 12 од Скопје (60г, 65г , 66г, 66г, 69г, 73г ,74г, 77г 78г, 78г, 79г и 82г), по 3 лица од Битола (60г, 66г и 79г) и Охрид (58г, 66г и 77г), по 2 починати лица од Куманово ( 59г и 75г) и Тетово (54г и 68г) и по едно лице од Прилеп (86г), Велес (56г), Гостивар (76г), Струмица (73г) и Кичево (63г).
Регистрирани се 1.152 оздравени пациенти од:
-Скопје 574
-Куманово 69
-Велес 67
-Битола 64
-Прилеп 60
-Тетово 45
-Кавадарци 38
-Штип 35
-Струмица 30
-Гостивар 27
-Кочани 16
-Неготино и Гевгелија по 15
-Радовиш 12
-Ресен 11
-Кичево и Пробиштип по 10
-Крива Паланка и Виница по 8
-Берово 7
-Демир Капија 6
-Дебар и Валандово по 4
-Свети Николе 3
-Охрид, Делчево, Богданци, Демир Хисар, Пехчево и Дојран по 2
-Кратово и Македонски Брод по 1
Досега во земјата се направени вкупно 674.378 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 143.162, бројката на оздравени пациенти е 118.946, на починати е 4.289, а бројот на активни случаи изнесува 19.927.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани