
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Лицата со интелектуална попреченост да добијат приоритет во имунизацијата по претходно спроведена детална анализа на здравствената состојба, бараат од Регионланиот центар „Порака“по последниот смртен случај на 19-годишната девојка со Даунов синдром во Битола. Тие со допис до Министерствата за здравство, труд и сопцијална политика и Народниот правобраниртел побараа да преземат дополнителни итни мерки со кои ќе осигурат соодветна здравствена заштита во услови на пандемија со коронавирусот за оваа ранлива категорија на граѓани.
„Во овој период кога е актуелна имунизацијата против ковид-19, потребно е вклучување на лицата со интелектуална попреченост како приоритетна група во масовната вакцинација на населението, на што задолжително треба да претходи детална анализа на здравствената состојба, а со тоа и избор на тип на вакцина“, посочуваат од Регионалниот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост.
Од Центарот велат дека имајќи ја во предвид нарушената општа здравствена состојба и слабиот имунитет кај повеќето лица со интелектуална попреченост, а со оглед на последиците кој корона вирусот ги предизвикува, потребно е овие лица да добијат приоритет при остварување на здравствена заштита (прегледи, третмани, интервенции, лекарства и хоспитализација) во време на пандемија.
„Воедно, да се обезбеди придружник при хоспитализација на лице со интелектуална попреченост, без ограничување на возраста, со цел успешно да се оствари потребната здравствена заштита. Ова е особено важно поради ограничената можност и потешкотии во комуникацијата кај лица со потежок степен на интелектуална попреченост“, пишува во соопштението.
Тие потсетуваат дека Република Северна Македонија ја има ратификувано Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост во 2011 година, па државата е должна да обезбеди највисок достапен стандард на здравствена заштита за нив без дискриминација врз основа на попреченост.
Денеска во Битола се регистрирани 100 новозаболени, 2 починати од КОВИД-19 и едно починато лице со симптоми на коронавирусот. Активни се рекордни 1246 случаи, по што Битола е на врвот од општините со заразени кај кои болеста е во тек
Во последните 24 часа се направени 3.927 тестирања, а регистрирани се 1.163 нови случаи на КОВИД-19 во
На ден 09.04.2021г.(петок) поради извршување на градежни работи во склоп на реконструкцијата на секундарната мрежа (pe100 da110) на улицата Никола Кирков Мајски, локалниот пат Битола-Брусник ќе биде затворен за сообраќај од 9 до 12 часот.
Битолската библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола по повод одбележувањето на 8-ми април - Меѓународен ден на Ромите започна да го реализира проектот „Читаме онлајн приказни на деца и родители во време на пандемија ковид 19“.
Проектот вклучува онлајн активности на деца и родители (читање на приказни) како и активности поврзани со едукација на родителите на децата за начинот на реализација и поддршка при совладувањето на наставните содржини преку користење на литература, лектири и дополнителни образовни ресурси.
Целната група се деца Роми од 2 до 10 години и нивните родители и сите заинтересирани
Цел на проектот е организирање на слободното време на децата, организирање на виртуелни училници за едукација и реализација на наставни активности на децата од 2 до 10 години во време на пандемија COVID-19; поттикнување на креативноста во воспитно- образовниот процес кај учениците Роми
-Да им овозможиме на децата редовни дружби со книгата од мали нозе, да им го збогатиме детскиот вокабулар со нови зборови, да ја поттикнеме љубопитноста од најмала возраст, да им ја развиеме способноста за памтење и креативност. Децата се како сунѓери, да им овозможиме нови знаења во забавна и опуштена атмосфера, вели координаторот на проектот Фатма Бајрам Аземовска - раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста.
Проектот ќе се реализира во наредните три месеци, со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија. Работилниците ќе ги спроведува Гзиме Коминовска со помош на библиотекари од одделението за развој на библиотекарството.
По повод одбележувањето на 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите се одржа работилница за значењето на овој ден, одржувањето на првиот конгрес на Ромите, кои одлуки се донесени на овој значаен ден за ромското знаме и химнa.
Почина 19 годишната девојка која вчера со тешка клиничка слика беше хоспиталаизирана во битолскиот КОВИД центар. Станува збор за лице со Даунов синдром и најмладиот пациент кој ја изгуби битката со вирусот во Битола. Од Клиничката болница велат дека девојката била донесена во исклучително тешка сосотојба, со симтпоми на КОВИД, ниска сатурација, но починала само неколку часа по приемот, пред да и биде земен брис за тестирање, поради што се води као суспектен пациент.
