Анета Блажевска

Анета Блажевска

 
Од петокот до неделата, при засилени сообраќајни контроли на полицијата, на подрачјето на СВР Битола,  санкционирани се  над 280 возачи.

 

На денешната седница советниците од општинскиот Совет ја изгласаа одлуката угостителите да ги отстранат оградите од терасите од денес наместо  на  предвидениот рок - 15 април, за да се избегне престојување на повеќе лица во затворен простор

Општина Битола го заврши партерното уредување околу Модуларната болница која е дел од Регионалниот КОВИД центар. Општинските јавни претпријатија беа вклучени во подготовката на теренот и изградба на  инфраструктура, а за таа цел од Буџетот беа издвоени 40 илјади евра. Сега е готов и пристапот до објектот

"Креветите во мобилната болница се одамна поставени со целосна кислородна поддршка, но дај боже да ни се најнеискористена инвестиција" напиша градоначалничката Наташа Петровска и уште еднаш упати апел да се почитуваат мерките за заштита од вирусот
 
Модуларната болница се состои од 3 модуларни градби, и има капацитет од 80 до 120 болнички кревети.
 
На Инфективното и одделението за физикална медицина во Клиничката болница вкупно се хоспитализирани 122 пациенти, а доколку се исполнат овие капацитети, ќе се стави во функција и Модуларната болница

„Со желби за добро здравје, благосостојба во домовите, мир во душата и срцето, Ви посакувам радосно да го дочекате денешниот голем празник Велигден во кругот на Вашите најблиски. Без разлика што веќе втора година овој голем празник не можеме да го дочекаме со целата негова светлост поради пандемијата со КОВИД-19, сепак, да останеме доследни на традицијата, љубовта, верата и чистата мисла.

Ви го честитам Велигден – празникот на Христовото Воскреснување“, истакна градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, во честитката до верниците кои денес го прославуваат Велигден.

Пишува: Александар Литовски

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани