
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Уште тројца битолчани се позитивни на КОВИД 19 , што значи до денеска се вкупно 4 потврдени случаи, потврдија од Владата на Р.С. Македонија.
Основниот Кривичен суд од Скопје ги осуди екс директорите на битолските училишта за злоупотребана службената положба на условна казна затвор од 2 години.
Јасмина Ниќиќ Десановска е осудена на 2 години затвор, казна која нема да се изврши доколку во рок од 5 години од правосилноста на одлуката не го повтори делото. Таа за време на "Транспортер" беше директорка на Медицинското училиште.
Иста казна е изречена и за Кирил Печалев, поранешен директор на гимназијата ,,Јосип Броз Тито", Зоран Каранфиловски на Земјоделското училиште, Анита Ангелевска од гимназијата „Таки Даскало“, Василе Дранговски од Економското училиште и Ѓорѓи Ташковски од Техничкото училиште.
За Илија Белџигеровски од ОУ "Елпида Караманди" 2 години условна казна доколку во период од 4 години не го повтори делото, а истата казна му е изречена на поранешниот директор на училиштето во Бистрица, Љупчо Стефановски.
Со одлука на Основниот кривичен суд од Скопје од фирмите кои прибавиле имотна корист преку случајот ,,Транспортер" ќе им бидат конфискувани 34 224 179 денари. Од Друштво за превоз на патници ,,Боби турс" се конфискува износ од 3 026 242 денари. Од ,,Гопеш транс Јорго" 74 934 денари, од ,,Транскоп" 9 832 173 денари, од ,,Хера турс 8 061140 денари, ,,Џем турс" 5 287 499 денари, од ,,Хера транс" 600 611 денари, од ,,Лука Експрес" 2 832 906 денари, од ,,Марија транс" 1 737 774 денари, од ,,Турист превоз" 628 939 денари, од ,Хера превоз Новка Дооел 607 075 денари, ,,Џими турс"1 477 562 денари .
Се уште не се знае која е причината за смртта на битолчанецот кој вчера беше пронајден мртов во својот дом на улицата „Димче Лахчански“ во Битола. Неофицијално сега починатиот маж на возраст од шеесетина години бил во двонеделна самоизолација откако неодмна, како што велат соседите, се вратил од Англија. Тие тврдат дека човекот живеел сам, но, немал здравствени проблеми. Поради тоа што не одговарал на повиците на роднините, тие повикале полиција. Од починатиот е земен брис, за да се утврди дали причина за смртта е КОВИД 19 или нешто друго.
Ве известуваме дека во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови, дојде до краток спој во едно од електричните кола на електростатскиот филтер на Блок 2 на РЕК Битола. Стручни лица од комбинатот работеа непрекинато изминатата ноќ на отстранување на дефектот и состојбата утрово е нормализирана.
Во меѓувреме, РЕК Битола продолжува со континуирано производството на електрична енергија од Блок 2 и Блок 3, додека Блок 1 се наоѓа во редовен годишен ремонт.
Починато машко лице било пронајдено денес во стан на улица „Димче Лахчански“ во Битола. Веста дигна голема прашина на социјаните мрежи и меѓу жителите на Битола. Засега има само неофицијална информација дека починатото лице било во самоизолација.
Од полција само ја потврдуваат смртта и тоа дека направиле увид и работат на расчистување на случајот.
