
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Мелничката индустрија „Кадино“ денес на својата фејсбук страница објави дека цената на брашното ја покачуваат за 3,5 денари по килограм. Од компанијата соопштија дека поскапувањето се должи на зголемената цена за набавка на суровина што е последица на актуелната состојба која ги раздрма цените на светскиот пазар.
На интернет стрниците на другите мелнички индустрии засега нема објавени податоци за евентуално покачување на набавните цени на брашното.
Ова е најбараниот прехрамбен производ деновиве по маркетите откако и во земјава се прошири коронавирусот. Рафтовите за брашно во повеќето маркети се празни.
Ж.З.
Клиничката болница во Битола доби значајна донација во медицинска опрема и материјали која е неопходна за превенција и успешно справување во случај на појава на коронавирусот од страна на компанијата „Кромберт и Шуберт“ во Битола.
Претседателот на Комисијата за безбедност при Советот на Општина Битола и лидер на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Иванчо Тошевски, оствари средба со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска. На средбата Петровска го информираше Тошевски за сите досегашни преземени активности од страна на Општината, а поголемиот дел од нив се совпаднаа и со предлозите на опозицијата. Заеднички се разговараше за формата на помош, која во периодот што претстои можеби ќе биде потребна и на локално ниво.
Привремено се затвора добиточниот пазар во Битола со кој стопанисува ЈП Пазари-Битола.
Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение во кое стои дека поради состојбата со корона вирусот се забранува работењето на сточните пазари и собирните центри.
Во решението на Агенцијата стои дека сите животни кои ќе се најдат во промет без сертификат за здравствена состојба на животните или не се идентификувани ќе бидат одземени убиени и нештетно отстранети без надомест за настанатата штета , односно на трошок на одгледувачот , стои меѓу другото во решението од АХВ.
-Во насока на почитување на препораките на Владата на Република Северна Македонија за превенција и спречување на ширењето на КОВИД 19 вирусот, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука и решение за забрана на работа на добиточни пазари.
Одлуката е донесена со цел превенција и елиминирање на секоја можност од ширење на вирусот.
Апелираме до нашите соработници и корисници на услугите, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата на Република Северна Македонија и да сториме се што е во наша можност за да го спречиме ширењето на КОВИД 19 вирусот во државата, информираат од ЈП Пазари.



Од Мерве Трејд и Сабина Доо соопштија дека доделуваат вкупно 1000 заштини маски со цел да помогнат во борбата против коронавирусот. Со секоја издадена фискална сметка од фирмите велат дека следува по една заштина маска.
Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, упати апел до сите граѓани совесно да се однесуваат и да ги почитуваат сите мерки и препораки од надлежните во услови кога е прогласена пандемија од Светската здравствена организација. Таа рече дека потребно е да реагира професионално, според утврдена хиерархија, со строги протоколи, во кои точно и прецизно секој си ја знае сопствената работа и сноси сопствена одговорност.
Викендов во просториите на АД ЕСМ Дирекција и во сите подружници на компанијата се врши вонредна дезинфекција на работните простории, службените возила и автобусите што се користат за превоз на вработените. Иако, во рамките на компанијата оваа активност се врши редовно , во согласност со прописите, поради состојбата со коронавирусот во наредниот период ќе се спроведува со засилена динамика во име на здравјето на вработените.
