
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Како се пренесува КОВИД-19 и како да се заштитите? Погледнете го и споделете го видеото од Светската здравствена организација.
Седум улици во Долно Оризари за првпат добиваат асфалт. Пет се веќе завршени, а за две постапката е во тек. Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, денес на терен изврши увид во градежните активности во ова населено место, каде со инвестиција на Општина Битола, преку проектот за подобрување на општинските услуги со поддршка на проектната единица на Светска банка во Министерството за финансии, изградени се 5 улици во вредност од 3 519 265 денари.
Лажна вест е дека професорка од Средното медицинско училиште во Битола била на скијање во Италија, реагираа од ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ од Битола. Оваа лажна вест се појави деновиве на социјалните мрежи и некои портали, кои пишуваа дека професорка од Медицинско била хоспитализирана, откако задно со заразената со коронавирус докторка од Клиниката за кожни болести биле на скијање во Италија, што предизвика вознемиреност кај родителите и ученицте. Но, од училиштето велат дека ги направиле сите проверки кај нивните вработени, по што се потврди дека станува збор за шпекулација, затоа што ниту еден вработен не бил на скијање во Италија.
Какава ќе биде намената на Офицерскиот дом, разговарале меѓу другото раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Македонија, Никола Бертолини и градоначалничката Наташа Петровска, при завчерашната посета на Битола. Бертолини заедно со Петровкса го посетија и Офицерскиот кој е во фаза на реконструкција, при што тој бил фасциниран од просторот и можностите што ги нуди, па дури предложил и свои идеи од она што го видел низ европските градови..
Оперскиот пејач Игор Дурловски ќе биде носител на листата со кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица пет, каде спаѓа и Битола.
Дури четворица битолчани се најдоа на листата со кандидати за пратеници. Покрај Дурловски, на местото број три е универзитетскиот професор и поранешен претседател на битолскиот општински Совет Силвана Ангелевска. На местото број шест е Олга Лозановска од Битола, специјалист по интерна медицина и актуелен советник и на 12 место е Бобан Бојковски, вработен во Центарот за развој на Пелагонискиот-плански регион. Останатите позиции се пополнети со кандидати од другите градови. На местото број два веднаш по носителот Дурловски е Антонијо Милошоски, досегашен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Во следните 14 дена ќе биде прекинат воспитно-образованиот процес во градинките, наставата во основните и средните училишта во земјава. Ова е нова мерка што Министертвото за здравство ја предложи до Владата, а таа ја усвои на денешната седница со цел да се спречи ширење на вирусот корона во земјава.
Според изјавата на министерот за здравство Венко Филипче во следните 14 дена од работа ќе бидат ослободени и вработените во образовните институции.
