
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дамите кои ги анкетиравме велат дека жената во себе носи цел универзум и иако е половина од општеството, цел живот се грижи за останатата половина
Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ од Битола по повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, организира оригинална изложба на книги од женски автори. Над 150 книги од македонски авторки се изложени во холот на Битолската библиотека. Меѓу книгите има поезија, проза, литература за возрасни и деца. Излжбата покажува колку македонската жена била и е креативна кога станува збор за пишаниот збор.
И покрај сушата и продолжената сезона за наводнување во изминатата година , како и неповолните временски услови на почетокот од оваа година акумулацијата „Стрежево“ во моментов располага со близу 50 милиони метри кубни вода, од вкупниот капацитет од 120 милиони м3 вода, потврдува првиот човек на ЈП „Стрежево“-Битола, Менде Граматковски.
ЈП „Стрежево“ и покрај неповолната хидролошка состојба во изминатиот период веќе има обезбедено вода за РЕК „Битола“ (12 000 000м3) и ЈКП „Водовод“ (5 000 000м3) а остатокот на вода за останатите водокорисници (земјоделци).
Книгата „Цивилното население во Битолско за време на Првата светска војна“ чиј автор е д-р Мери Стојанова, денеска беше промовирана во битолскиот Завод и Музеј. Во книгата се содржани податоци од истражувања од педесеттите и шеесеттите години на минатиот век, како и авторски истражувања на Стојанова во Битолско, Преспа и Струмичко.
Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска денес не потврди, нити пак ги отфрли шпекулациите дека таа ќе биде носител на листата со кандидати за пратеници на СДСМ во изборната единица 5.
„Само кога највисоките партиски органи ќе ги потврдат листите тогаш тие се официјални. Штом ќе бидат потврдени ќе биде известена јавноста“, рече Царовска.
ЈКП Водовод Битола апелира до сите корисници да ги припремат своите шахти за да бидат достапни на инкасантската служба да може слободно да ја евидентира состојбата за потрошената вода за пиење.
ЈКП Водовод Битола започнува со редовно читање на состојбите на водомерите за потрошена вода во пролетниот период, со воведувањето на новиот електронски начин.
