
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Најмладите битолчани и овој зимски распуст го користат за да застанат на скии и да ги научат вештините на скијањето. На ски стазата Копанки“ деновиве неколку групи на деца од Битола од претшколска и школска возраст ги учат основите на белиот спорт. Дневно за часовите плаќаат од 300 па се до 800 денари по дете, во зависност од условите во програмата за скијање.
Најмладите првите чекори во скијањето ги прават со професионални инструктори со што Копанки се сместува меѓу исклучително погодните скијалиште за семејства со деца и почетници во белите спортови.
Од фотографиите кои ни ги испратија наши читатели денеска велат дека патот кој води до ски стазата Копанки е чист и нема застој во сообраќајот.

Висината на снежната покривка во Битола, според податоците од УХМР, утрово во 7 часот изнесуваше 33 цм, со што е втор град со најмногу снег по Крушево каде снежната покривка е 36 цм. Најмалку снег има во Скопје, каде снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 4 сантиметри. Врнежите од снег продолжуваат и претпладнево, а според прогнозите, околу пладне ќе бидат уште позасилени, што дополнитлно ќе ја зголеми снежната покривка за 10 до 20 цм. Температурата во Битола ќе се се спушти до -5 степени.
Механизацијата на ЈП,,Нискоградба" попладнево го чистеше снегот на Широк Сокак и низ улиците во битолската чаршија. Во расчистувањето се вклучија и некои дуќанџии кои со лопати во рацете ги чистеа приодите до дуќаните. Од снегот што се чисти на среде Широк Сокак се натрупани купчиња, па минувачите го нагазуваат снегот, правејќи премини од една на друга страна од улицата.
Генералниот секретар на СДСМ и пратеник Александар Кирацоски на денешната прес конференција соопшти дека во Собранието има обезбедено мнозинство од 80 пратеници за усвојување на уставните измени согласно договорот од Преспа.
Продолжува поларната зима во Битола. И понатаму дневената температура останува под нулата, иако во текот на денешниот ден бележи покачување за неколку степени. Попладнево во Битола температурата изнесуваше -2 степени Целзиусови, а во текот на ноќта исто така се очекуваат ниски температури под нулата.







Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до возачите во зимски услови да го прилагодат возењето спрема временските услови и условите на патот, да ги почитуваат пешаците и да се погрижат за нивната безбедност во сообраќајот, а пешаците да внимаваат за тоа без разлика дали се движат на тротоар, на пешачки премин или преминуваат преку улица, сепак тие се најподложни на повреди.
Пешаците, советува РСБСП треба да носат соодветни и добро одржувани обувки и да останат видливи и носат светла, рефлектирачка облека или предмети, како и да го планираат патувањето, да избегнуваат брзање и внимателно да го следат сообраќајот.
РСБСП апелира возачите да се однесуваат одговорно и внимателно, особено кон ранливите категории учесници во сообраќајот.
Секој возач во зимски услови на возење треба пред да тргнете на пат, да ја провери временската прогноза, резервоарот со гориво и течностите во возилото, како и задолжително да користи светла за зголемена видливост и да поседува зимски сет.
РСБСП ги советува возачите, доколку се заглават, да ги вклучат трепкачите, да постават рефлектирачки триаголник на патот, а ако има големи наноси на снег за означување на возилото може да закачите обоена ткаенина на антената, како и да останат во возилото додека не дојде помош.
Ниските температури кои владеат во Битола предизвикаа дефекти во водоводната мрежа во одредени домаќинства, најчесто од пукање на стаклата на водомерите. Од ЈКП „Водовод“ апелираат граѓаните да ги заштитат своите водомери, бидејќи тоа е единственото алтернативно решение, а за сите дефекти и прекини во снабдувањето со вода да се обратат на дежурниот телефонски број 047238200.
Од ова јавно претпријатие информираат дека е зголемена потрошувачката на вода за околу 25%, односно во одредени делови од денот, особено во вечерните часови, таа достигнува и до 680 литри во секунда. Стравувајќи од замрзнување на чешмите и цевките за вода, граѓаните оставаат да тече вода постојано. Сепак од ЈКП „Водовод“ апелираат водата да се користи рационално. И покрај ваквите временски услови, снабдувањето со вода е непречено, а во меѓувреме за новонастанати дефекти, граѓаните можат да се јавуваат на дежурниот телефон.
„Градски паркинзи“, во текот на ноќта со маханизација ги чистеше паркинзите низ градот со кои стопанисува. Вчера апла.мк објави текст со реакции на битолчани и коментари на социјалните мрежи дека „Паркинзите низ градот се затрупани со снег, возилата нема каде да се остават, а „Градски паркинзи“-ДООЕЛ - наплаќаат за паркирање.
По ова до нашата редакција од „Градски паркинзи“ испратија фотографии од синоќешната акција на чистење на паркинзите.
-„Градски паркинзи“-Битола во текот на изминатите денови активно се вклучени во отстранувањето на снегот од паркинг просторот со кој стопанисува .И покрај тоа што проблем при отстранувањето на снегот ни претставуваат паркираните возила , кои воопшто не се поместуваат, од наша страна секојденевно се организираат акции за отстранување на снегот од просторот којшто е предвиден за паркирање , а го стопанисува -„Градски паркинзи“-Битола. И во текот на следните денови се додека има потреба ние ќе продолжиме со остранување на снегот и чистење на паркинг просторот, вели Иле Колчаковски, раководител на ДПН, -„Градски паркинзи“-Битола, и додава дека акцијата продолжува и денеска на улицата „Солунска“ каде со поддршка на полицијата се отстрануваат непрописно паркираните возила за да се исчистат паркинг местата.
До редакцијата на апла.мк битолчани реагираа дека по врнежите од снег, ниту еден паркинг простор со кој располага “Градски паркинзи“ не е исчистен, иако тоа е нивна обврска. Ситуацијата се критикуваше и на социјалните мрежи.

-Ако одиме по тоа кој има корист од наплатата за паркинг, тоа се ДПН Паркинзи Битола и Општина Битола.
Така да, кој и да е, должни се да си го исчистат снегот!, пишуваа од Бесплатен паркинг во Битола.
Битолчанецот Драган Вељанов, граѓански активист реагираше со коментар на фотографиите дека „срамота е за фирмата која управува со градските паркинзи и која за узурпацијата на цел град плаќа месечна смешна ќирија на градот од смешни 2.000 евра да не направи една акција да го исчисти снегот од сите 1.551 паркинг место кое го управува. Треба тоа да биде нивна одговорност и лична и професионална, а не да ги тера некој тоа да го направат, пишува Вељанов.


Алал- Апелот на Јавното претпријатие „Нискоградба“ допре до битолчани. Жителите од централното градско јадро, во делот околу Библиотеката, попладнево ги тргнаа паркираните возила, за комуналните служби утре да можат непречено да работат на чистење на улиците од снегот. Останува да се види дали повикот упатен од ЈП „Нискоградба“ ќе го послушаат и битолчаните во другите делови од градот.



Ј’зк- Дел од возилата деновиве останаа паркирани низ градските улици и покрај обилните врнежи снег. Од „Нискоградба“ се пожалија дека им попречуваат во чистењето на коловозите и дека може да дојде до оштетување на паркираните коли, па замолија за поголема соработка со цел интервенциите да се извршат побрзо и побезбедно посебно поради најавите дека се очекува нов снежен бран.



