2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Средношколката Јана Китановска победник на ораторската вечер на Црвен Крст Битола! Китановска е ученичка во Гимназијата "Јосоп Броз-Тито" Битола.  Синоќа во просториите на НУ Завод и музеј Битола се одржа ораторска вечер со симболичен наслов ,,Револуцијата на една хероина" по повод светскиот ден на жената - празникот 8-ми Март. Настанот беше организиран од страна на Општинската организација на Црвен крст Битола. Воодушевувачки ораторски настапи со свои авторски текстови прикажаа десетина млади автори. За особена автентичност на пишаниот збор и ораторска вештина беа доделени три награди:

 Messenger creation 32C94545 5EC8 4DDF A974 F0BBE9C224C3
Прва награда - Јана Китановска, Битола
Втора награда - Ива Додевска, Куманово
Трета награда - Марија Јовев, Битола  

Соопштение од "Хачико"- Лага е дека истото куче ги касна двете деца во населбата Баир во Битола 

 
Во врска со немилиот настан од петок, 06.03.2026 година, кога беше каснато малолетно лице, во јавноста се појавија невистинити информации дека станува збор за истото куче кое каснало пред еден месец.
Сакаме јасно да потенцираме дека за овој настан постојат сведоци – семејството на детето, кои го посочија кучето инволвирано во случајот.
Апелираме до јавноста и до поединци на социјалните мрежи да не шират непроверени и неточни информации. Дезинформациите создаваат непотребна паника и можат да предизвикаат штета и за луѓето и за животните.
Да бидеме одговорни и да се водиме од факти, а не од шпекулации.
 
Со почит,
Тимот на Хачико

Прва меѓународна победа за АК Олимп: Димитар Петровски триумфираше во Ниш

 
Атлетскиот клуб Олимп од Битола го забележа својот прв меѓународен триумф по новиот почеток на клубот, откако Димитар Петровски победи на полумаратонот во рамки на маратонот „Самопревaзилажење“, кој се одржа во Ниш, Србија.
 
Петровски настапи на полумаратонската дистанца и убедливо го освои првото место со време од 1:18:40, покажувајќи сигурност, одлично темпо и целосна контрола во текот на целата трка.
 
Оваа победа има дополнителна тежина и затоа што настапот беше дел од неговиот редовен тренинг циклус, што укажува на одлична форма и подготвеност во пресрет на пролетната натпреварувачка сезона.
 
За Атлетскиот клуб Олимп, кој во последниот период започна ново поглавје со нов тренерски тим и засилувања во составот, овој резултат претставува важен сигнал дека клубот повторно се позиционира на атлетската сцена и надвор од границите на Македонија.
 
Победата на Петровски во Ниш е првиот меѓународен триумф за клубот во овој нов циклус, резултат што носи дополнителна мотивација и за атлетичарите и за стручниот тим во продолжението на сезоната.

Со црн спреј вчера исцртан е објектот на поранешниот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Објектот се наоѓа на улицата „Рузвелтова“ во центарот на Битола. 

„Македонија на Македонците“ и исцртани машки полови органи на влезната врата. 

Фотографии објавија поранешните членови на клубот, а здружението „Балкански мост“ – Битола најостро го осуди чинот пишувајќи  -„Сметаме дека ваквите постапки се штетни за општеството, за меѓуетничката доверба и за европската перспектива на нашата држава. Насилството, омразата и уништувањето никогаш не можат да бидат средство за изразување на ставови и тие директно го нарушуваат духот на соживотот, почитта и толеранцијата меѓу народите во Македонија.“

Бугарското Министерство за надворешни работи го објави коментарот на заменик-министерот Марин Рајков, во кој стои -

„Очекуваме официјалните власти во соседната земја да реагираат во согласност со обврските утврдени во Европскиот консензус од јули 2022 година и во одговор на европските стремежи на поголемиот дел од општеството во Република Северна Македонија.“

 

А.Б 

Водовод Битола со соопштение 

 
Јавно демантираме неточни информации објавени во одредени политички статуси за состојбата на улицата Индустриска во н. Боримечка.
 
Информираме дека чистењето на улиците се врши веднаш по завршувањето на санацијата на дефектите и интервенциите на водоводната мрежа. Во текот на работите, при ископ и поправка, нормално е да има привремено нарушување на површината, но по комплетирање на санацијата нашите екипи вршат расчистување и доведување на теренот во соодветна состојба.
 
ЈКП „Водовод  - Битола, продолжува одговорно и посветено да работи во интерес на граѓаните.
 
Со почит, 
ЈКП “Водовод” - Битола

Ски центарот Копанки на Пелистер официјално ја заврши скијачката сезона, информираа од раководството на центарот. Причина за затворањето се високите температури и недостигот на соодветни услови за скијање на патеките.

Од Ски центар Копанки им се заблагодарија на сите посетители кои оваа зима ги посетија падините на Пелистер и беа дел од скијачката атмосфера. Како што велат, сезоната беше исполнета со дружење, спортски дух и љубов кон скијањето.

„Ви благодариме на сите што ја поминавте оваа зима со нас и што создадовте прекрасна атмосфера на Копанки. Се надеваме дека следната сезона ќе донесе уште повеќе снег и уште повеќе убави моменти на стаза“, порачуваат од ски центарот.

Со ова официјално се затвора скијачката сезона на Копанки, а љубителите на зимските спортови повторно ќе се вратат на падините на Пелистер следната зима.

  Центарот за управување со кризи објави дека вчера, во тешка сообраќајна несреќа, на 52-годишна возраст, животот го загубил нивниот колега, Љупчо Бучукоски, оперативен работник во Регионалниот центар за управување со кризи во Битола.

Колективот на Центарот за управување со кризи изразува длабоко жалење за загубата и упатува искрено сочувство до семејството Бучукоски. Драг Љупчо, Центарот за управување со кризи ќе те памети по твојата беспрекорна професионалност, посветеност во извршувањето на службените обврски, коректниот однос кон колегите и несебичната поддршка и помош кон граѓаните и градот Битола и Демир Хисар секогаш кога тоа беше потребно. Денес, кога се простуваме од тебе, со тага но и со гордост за твоите дела, ти благодариме за сè што направи во твојот прерано прекинат животен пат. Ќе останеш запаметен по добрината, човечноста и професионалноста, објавија од ЦУК.

 

СВР Битола информираат дека во 12:20 часот во ОВР Демир Хисар било пријавено дека патничко возило „фиат“ со демирхисарски регистарски ознаки излетало од патот на местото викано Крбла.

 
Во несреќата на лице место починал возачот Љ.Б. (52) од селото Жван, демирхисарско. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Демир Хисар. 

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦИ ВО БРАТИНДОЛ 

 
Општина Битола ја започна реконстркцијата на улици во селото Братиндол. Станува збор за проект кој општината го доби од вториот повик на владата преку министерството за транспорт, во вредност од 4.227.303 денари.
 
Се работи за реконструкција на коловоз, односно седум краци. Најпрво расчистување, односно ископ на земја, потоа поставување тампониран слој и на крајот асфлтирање.
 
Со ова ќе се подобри комуникацијата на локалното население во ова населено место, а Општината и со ова покажа дека се грижи и за руралните средини.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани