2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

ПО ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ТРОПАЊЕ ПО ВРАТИ се реши проблемот со станот полн со отпад во населбата "Стара Болница" во Битола, реакција на Љубица Стерјева станар во зградата која проблемите на станарите храбро ги споделуваше и со нашиот портал АПЛА. Последниот аларм пред да се исчисти станот беше јавната реакција дека станот зоврива со глувци од напуштениот и полн со ѓубре простор. Реакцијата на Стерјева ви ја пренесуваме во целост.

 
---Дваесет години тропавме на врати.
Институции, канцеларии, шалтери, комисии. 
Секој пат со истото, едноставно барање – да се реши проблемот со стан полн со отпад во нашата зграда во Стара болница во Битола.
Дваесет години слушавме слични одговори. Дека има „надлежна институција“. Дека некој друг треба да постапи. Дека предметот е во процедура.
Со тек на време, јасно ко ден ни стана нешто друго: кај нас секогаш има надлежни, но уште почесто – никој не се чувствува навистина одговорен.
А проблемот беше тука, пред нашите врати.
Сите го гледаа, а ние станарите секојдневно го имавме истиот мирис во носот – нечистотија, распаѓање, ризик за здравјето и чувство дека нешто што е очигледно за сите, со години се оттурнува на страна.
Колку и да изгледаше дека ништо не се менува, секогаш имаше некој од станарите што повторно ќе се јави, повторно ќе праша, повторно ќе поднесе барање. Некој што нема да дозволи проблемот да се заборави.
Таа тивка, но тврдоглава упорност беше најсилниот притисок.
Станот полн со отпад не беше само нечистотија.
 Со тек на време стана симбол на една поширока навика – да се гледа на другата страна и да се надева дека некој друг ќе се справи со проблемот.
Во тие дваесет години соседите се менуваа, децата растеа, некои луѓе се иселија, други се откажаа. 
Искрено, имаше моменти кога и ние се прашувавме дали вреди толку долго да се турка една иста приказна.
Но секогаш кога ќе се појавеше нова надеж, нова иницијатива или нова институционална врата, повторно се враќавме на истото барање: ова мора да се реши.
И конечно – се решава.
Деновиве, после две децении, станот конечно се чисти. 
?Камиони со отпад излегуваат еден по еден, како да изнесуваат години наталожена негрижа, тишина и институционално одложување.
Ова не е приказна за победа над некого.
Ова е приказна за упорност.
За тоа дека кога станарите не се откажуваат, кога стамбениот сервис стои зад нив и кога проблемот постојано се потсетува дека постои – на крај мора да дојде момент кога ќе почне да се решава.
Оваа мала приказна од една зграда во Битола покажува нешто многу поголемо: понекогаш токму упорноста на обичните луѓе е она што на крај ги придвижува работите.
А после дваесет години тропање на врати, си велам – можеби најважното е што конечно една врата се отвори.
И некако си мислам… можеби сега барем малку помалку ќе смрди сето тоа што толку долго траеше...

КОМЕМОРАТИВНО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 83 ГОДИНИ ОД ДЕПОРТАЦИЈАТА НА БИТОЛСКИТЕ ЕВРЕИ

 
Со неколку настани, денес во Битола се одржа комеморативно одбележување на 83 годишнината од депортацијата на битолските Евреи, во организација на Еврејската заедница на Република Македонија, со поддршка на општина Битола.
 
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски се обрати на комеморативната средба која што се одржа во салата на Советот на Општина Битола, а на која меѓу другите присутни беа и заменик министрите за европски прашања и финансии од Владата на Македонија, пратеници од Собранието, советници, претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, претседателот на Фондот за холокаустот на евреите од Македонија, претставници од Амбасадата на Израел, амбасадорката на Германија во Македонија и потомци на Евреите од Битола.
 
„Денес сме заедно во Битола, град кој се сеќaва и оддава почит на 3300 наши сограѓани, еснафи, млекари, занаетчии, сите оние кои ги споделувале битолските улици со жителите на градот. 
Тажни сме за настаните од минатото, нивната депортација и велиме никогаш да не се  повторат тие мрачни моменти на кои денеска се потсетуваме. Ова е незаборав за се она што било заедничко живеење во овој град, град на мултикултурата.
Уште една опомена до сите нас дека соживотот нема цена, дека пријателството, заедништвото, мирот и соработката се атрибутите кои треба да ги почитуваме секојдневно.  Вечна им слава“, рече Коњановски во своето обраќање.
 
Потоа бројни делегации положија свежо цвеќе на Споменикот Камена Менора и споменикот на Естреја Овадија Мара во дворот на Здравствениот дом „ Хаим Абраванел“ во Битола.

Овие фотографии покажуваат во какви услови живеела старицата од зграда во "Стара Болница" во Битола која собирала смет и што трпеле станарите во зградата. Речиси десеттина камиони се наполнија со ѓубре што старицата го собирала во станот! Фото загрижени граѓани за АПЛА.мк IMG 647348686f1500a32ca59ce2104be0c5 V

ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА СО НАЦИОНАЛНАТА МРЕЖА ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО-ГЛАС ПРОТИВ НАСИЛСТВО
Градоначалниникот на Битола Тони Коњановски заедно со претседателката на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола, Марина Крстиќ денеска имаа средба со извршната директорка на Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство „Глас против насилство“, Елена Димушевска, на која се разговараше за продолжување на досегашната соработка и овозможувањето поголема грижа за жртвите на семејно насилство.
649179881 957031936679688 8809428474205367685 n
Општина Битола продолжува да обезбедува континуирана финансиска поддршка од 1 милион денари за советувалишниот центар за жените и децата жртви на родово базирано и семејно насилство, се со цел непречено функционирање на центарот, каде што жртвата добива психолошка поддршка, кариерно советување и правна помош.
Националната мрежа „Глас против насиство“ ја има обврската за раководење со советувалишниот центар согласно стандардите за работа на советувалишните центри за жртви на семејно насилство усвоени од Министерството за труд и социјална политика.
649276307 957031950013020 4454337701503479948 n
 
Денеска го посетија овој центар кој има нова локација на улицата „Пеце Матичевски“ 77/1.
Инаку Општина Битола има програми за спречување на родово-базирано насилство, како дел од пошироките иницијативи за заштита на жените и децата. Главните мерки вклучуваат едукација и сензибилизација на јавноста, обуки за службениците, како и соработка со НВО и други институции за обезбедување помош и поддршка на жртвите.

Да се исчисти Битола од улични кучиња во рок од 7 дена, и да се однесат на соодветно место, бараат граѓаните кои денеска се собраа пред Општина Битола на мирен протест по инцидентот кога деца од населбата Баир беа каснати од напуштени кучиња со непознати сопственици. На протести беа и членови на семејствата. 

Мукерем Бајрамова, баба на искасаното четиригодишно девојче од инцидентот во петокот раскажа дека кучето само влегло во нивниот двор, девојчето си играло со сестрата кога кучето ја нападанало на лицето, на раката.

„Девојчето има уплав се плаши, раните отворени со крв. Двете девојчиња си играа, кучето го нападна едното дете. Ќе ја тужам општината“, рече бабата.  

Севги Веселовски татко на двегодишното момче кое беше искасано на 6 февруари рече дека  двете деца му настадале од каснување од кучиња скитници, едното лани, другото годинава.

„Детето  за малку ќе умреше, вчера си дојдовме од Скопје бевме на контрола. Детето е искинато на лицето, на врато на ушето... сега е на домашно лекување“, рече таткото.  

Самедин Канановски од невладина организација на Ромите од Битола,  реагира дека општината треба да го реши проблемот со кучињата скитници.

„Поводот за денешниот собир е поради она што се случи во два наврати во Битола. Истото куче нападна две малолетни деца. Комуналец демантира дека не било истото куче, јас ќе кажам од каде знаат кога ние знаеме за кое куче станува збор. Истото куче ги нападна двете дечиња. Денес сме тука да дадеме ултиматум од седум работни дека да ги однесе кучињата на соодветно место. Во спротивно тука ќе застанеме на булевар и ќе донесеме луѓе да јадат ифтар, тука ќе поставиме шатори и нема да можат да влезат вработените на работа, бидејќи не сме сигурни во самите дворови“, рече Канановски.  

Тој реагираше и на коментарите на социјалните мрежи дека намерно се предизвикуваат кучињата за родителите да земат оштета од општината, наратив што го оцени за штетен за Ромите. Апелираше дека кучиња се напуштаа и се оставаат на обиколницата над Битола каде претежно живеат Роми.

Од прифатилиштето за бездомни кучиња во Битола „Хачико“ велат дека - Лага е дека истото куче ги касна двете деца во населбата Баир во Битола.

„Во врска со немилиот настан од петок кога беше каснато малолетно лице, во јавноста се појавија невистинити информации дека станува збор за истото куче кое каснало пред еден месец. Сакаме јасно да потенцираме дека за овој настан постојат сведоци – семејството на детето, кои го посочија кучето инволвирано во случајот. Апелираме до јавноста и до поединци на социјалните мрежи да не шират непроверени и неточни информации. Дезинформациите создаваат непотребна паника и можат да предизвикаат штета и за луѓето и за животните.“

Малопродажната цена на Еуродизел се зголемува за 14,5 денари за литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.03.2026 година и со тоа изнесува 85,5 денари за литар, објави Регулаторната комисја за енергетика.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, се зголемуваат за 5 денари за литар и ќе изнесуваат 79,5 денари, додека на БС-98 изнесува 81,5 денари.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 12,5 денари и изнесува 82,5 денари.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 7,044 денари за килограм.
Оваа одлука ќе отпочне да се применува од 00:01 часот на 10.03.2026 година.

На 08.03.2026 во 21:45 часот во СВР Битола е пријавно дека во Казнено поправната установа Затвор Битола настанала физичка пресметка помеѓу затворениците  Н.П.  и М.М., при што биле употребени и метални предмети. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Битолчанки слават 8 Март на Пелистер! 

Настанот „100 Жени на Пелистер“ се одржува денеска по втор пат и има за цел да ги поврзе жените со природата, да поттикне движење и активност, како и да создаде простор за инспирација, дружење и позитивна енергија.
 IMG 20c60226c8633453f093a80a3458511c V
За сите учеснички е обезбеден бесплатен превоз од Битола, како и бесплатна храна и пијалоци, во организација на Националниот парк Пелистер Битола.
 
Во рамките на настанот се одржа кратко инспиративно предавање посветено на потребата жената да се движи и да се поврзе со природата. Планината е простор на тишина, сила и саморефлексија – место каде жената може да се врати кон себе и да ги пронајде одговорите што веќе ги носи во себе. Забава со НАЛА Бенд, бесплатна храна и пијалоци во Инфо Центарот IMG d867f952ef09c2fea033bd5a2561ce66 V

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани