
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначланикот Тони Коњановски објави дека од денеска во старата касарна започна да се реализира проектот „Изградба на паркинг на СТУ9 АРМ четврт 3“, што опфаќа коловоз, атмосферска канализација и улично осветлување.
СВР Битола информира - На 26.02.2026 во 18:10 часот на патот Прилеп-Ресен, кај место викано „Тунелот” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.М.(20) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо” со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.М., при што било констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Обиколницата околу Битола е затворена за сообраќај од 18:30 часот поради свлечиште, информира ЈП „Македонијапат“.
Од претпријатието соопштија дека сообраќајот привремено се пренасочува низ градот Битола, додека екипите работат на расчистување на теренот, пренесува МИА.
Екипи на ЈП „Македонијапат“ се на лице место и преземаат активности за отстранување на свлечиштето и што побрзо нормализирање на сообраќајот.
СВР Битола - На 25.02.2026 во 16:00 часот во СВР Битола, 84-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра. Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
