
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Обид за убиство во Битола, татко посегнал по животот на синот - На 19.02.2026 во 11:15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ф.В.(41) од Битола поради сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „загрозување на сигурноста“, односно затоа што на 18.02.2026 физички го нападнал неговиот син, при што употребил и секира. Додека со него се водел службен разговор во Полициксата станица Битола, тој нападнал полициски службеници и оштетил дел од инвентарот. За настанот е известен јавен обвините и по целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни пријави.
Прифатилиштето Хачико Битола со ДЕМАНТ до ЈАВНОСТА. Демантот ви го пренесуваме во целост.
Вечерва започнува светиот месец Рамазан, период на пост, молитва и духовна посветеност за муслиманските верници. Со извршувањето на првата таравија молитва се означува почетокот на рамазанските денови, додека утре е првиот ден од постот. Рамазан ќе трае 29 дена, а верниците во овој период се воздржуваат од храна и пијалаци од изгрејсонце до зајдисонце, посветувајќи се на молитва и хуманост.
Крајот на постот ќе биде одбележан со празникот Фитр Бајрам, кој годинава се слави на 20 март.
Општина Битола во соработка со јавното претпријатие „Паркинзи“ со физички пречки, односно столпчиња означи пешачка патека од двете страни на дел од улицата „Св.Кирил и Методиј“ која води од кај градската библиотека кон зградата на поранешната општина, објави градоначалникот Тони Коњановски.
