2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Универзитетскиот професор Филип Поповски од Битола е избран за нов член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ . Поповски е актуелен советник во Советот на општина Битола. Нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е пратеникот Драган Ковачки.

Оваа одлука е донесена на Централниот комитет на партијата кој се одржа вечерва. За членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се избрани Александар Николоски, Владо Мисајлоски, Гордана Димитриоска Кочоска, Тимчо Муцунски, Луке Галески, Никола Мицевски, Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташеминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски,  Филип Поповски и Бобан Николоски.

Кон овие членови ќе се придружат и новите претседатели на Унијата на жени, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на ветерани. Организационен секретар е Ивица Томовски, а шеф на кабинет на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е Владимир Нелоски, кој истата позиција ја има и како дел од владиниот кабинет на премиерот.

СВР Битола информира -  На 05.02.2026 во 21:40 часот во с. Крклино, битолско, полициски службници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.Ѓ. и Г.Д., двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветен поднесок. 

На 6. февруари 1945 година во битолската гимназија, за прв пат во едно македонско средно училиште се одржа наставен час на современ македонски јазик.

На првиот наставнички совет со кој претседавал директорот Орде Печијаре биле донесени шест одлуки, меѓу кои и одлуката, на 6 февруари во гимназијата во Битола да се одржи првиот наставен час на современ македонски јазик.

– Скромно украсената сала на гимназијата беше шумна. Се дигна завесата и молк. На бината се појави првиот директор на гимназијата, Орде Печијаре. Тој објави дека гимназијата започнува со редовна настава на македонски јазик. Одекна силен аплауз. Потоа претставниците на народната власт ги поздравија присутните и зборуваа за значењето, задачите и улогата на гимназијата во ослободената татковина. Членовите на штотуку формираниот градски театар заедно со културно уметничка група при гарнизонот изведоа пригодна програма. Тогаш по прв пат стиховите на Константин Миладинов „Т’га за југ“, „Бисера“, „Голапче“ и други, како и стиховите на Кочо Рацин и убавиот мелос на македонските народни песни, ги растреперија срцата на присутните, се нагласува во монографија на гимназијата.

Редовната настава ја следеле 572 ученици во 13 мешани паралелки, а првата учебна година завршила на 20 јуни 1945 година. Битолската гимназија ги менувала имињата, па така во периодот од 1945 до 1952 година го носела името на Гоце Делчев, во периодот на Нижата гимназија која работела само една учебна година 1951-1952 и се викала Никола Карев, а од 1952 година и денес го носи името на Јосип Броз-Тито. Без разлика на временските периоди, во градот под Пелистер, најпозната е по името Горната Гимназија.

Денес, секој ден, во холот на гимназијата со гордост на мермерна плоча изложени се ликовите и имињата на пет народни херои, средношколци кои учеле во гимназијата, а тоа се Стеван Наумов-Стив, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Кузман Јосифовски-Питу и Елпида Караманди.

Учениците и наставниот кадар од секоја генерација со задоволство истакнуваат дека дел од нивната генерација биле ученици, а во животот станале академици, тогашните средношколци Петре М. Андреевски, Томе Бошевски, Кирил Миљовски, Фанула Папазоглу, Коле Чашуле, Владо Камбовски, Љубен Лапе, Ѓорги Филиповски, Анте Поповски, Ѓорѓи Чупона, Михаил Петрушевски, Петар Серафимов, Ристо Лозановски, Живко Попов, Димче Коцо, Александар Христов, Георги Константиновски и писателот Владимир Костов, почесен член на МАНУ.

ВТОРА РАБОТИЛНИЦИ ЗА ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈАТА ЗА ИЗГРАДБА НА ГОНДОЛА НА „ПЕЛИСТЕР“

 
Денеска се одржа 2-та работилница за изработка на физибилити студија за изградба на гондола на Пелистер.
 
Се обрати и ги поздрави присутните градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој кажа дека ова е можност да се видат сите алтернативни решенија кои ги нудат домашните и странските експерти, кои се опциите и можностите за и Битола со „Пелистер“ еден ден да биде на големата туристичка светска мапа. 
 
„Работилницата има за цел да го продолжи започнатиот процес на детална анализа и подготовка на студијата, како и размена на искуства и добри практики со експерти“ истакна претседателот на Советот, Бојан Бојкоски препуштајќи им ја говорницата на експертите.
 
Странските експерти ангажирани за оваа студија деновиве ја посетија Баба Планина со врвот „Пелистер“, а во предвид беа земени и предлозите од првата работилница која пред некој месец се одржа во Битола.
 
Експертите од Словенија, Франција и Андора, Франц Фурлани, Винсент Тасар, Филипе Бертхет-Рамбауд и Марк Пастор пред присустните кажаа дека „Пелистер“ нуди многу можности и дека она што ти го разгледуваат и препорачуваат е како планината да понуди содржини за туристите во сите четири годишни времиња.
 
Зборуваа за климатските услови кои особено се проблематични на врвот „Пелистер“, но дека и за тоа има решенија, пред присутните ги кажа трите варијанти од каде би тргнувала гондолата. 
 
За сите три, Нижеполе, Дихово и Цапари детално ги објаснија трасите на движење,  влијанието врз средината, безбедносните аспекти, задржувајќи се на трасата од Цапари преку Широка ( Ловечка) и до врвот „Пелистер“.
 
Исто така зборуваа и за тоа како горе може да има повеќе ски терени, дури и за почетници,  други содржини кои ќе бидат во интерес на туристите.
 
Потоа се разви дискусија со присутните на оваа работилница.
Странските експерти претходно имаа средба и со градоначалникот на Битола во неговиот кабинет, каде исто така презентираа дел од нивните решенија.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека од полицијата побарал жесток одговор за секој што го прекршил законот, се заканувал или го загрозил јавниот ред и мир во текот на вчерашните блокади на патот Битола-Ресен и во Кочанско, каде што група граѓани протестираа во знак на револт поради правилата на системот „Безбеден град“.

 

„Разговарав утрово со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и она коешто го побарав од него е оној што го прекршил законот, се заканувал, јавно упатил закани, го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните жестоко да се одговори. Ќе биде одговорено жестоко за да не се повтори тоа дивеење од вчера што се случи“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по денешното чествување на 154-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

На засебните протести во Битолско и Кочанско, група граѓани вчера палеа гуми, отпад и дрва, блокирајќи ги коловозите во знак на протест поради одземањето на возилата кои ги управувале без возачка дозвола. Жители на неколку ромски населби кои излегоа на блокадите обвинија за дискриминација, тврдејќи дека многумина од нив немаат завршено образование и затоа немаат услови да полагаат за возачка дозвола.

Гондола на Пелистер! Во Советот на Општина Битола во тек е втората работилница за изработка на физибилити студијата

за изградба на гондола на Пелистер.
Студијата ја образложуваат странски експерти, присуствува градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на Советот, Бојан Бојоски, директорот на НП Пелистер Битола, советници од власта и опозицијата, стручна јавност. -Работилницата има за цел да го продолжи започнатиот процес на детална
анализа и подготовка на студијата,
како и размена на искуства и добри практики со експерти. Фото АПЛА.мк Messenger creation 4E7E3FE3 C4C2 481D 9910 66670B34040F Messenger creation 47093AC7 9C11 456B A485 AAA803148384

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ИСПЛАТА НА ШТЕТИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ

 
Општина Битола започна со исплата на финансиските средства за штети од земјотресот од 9 јануари 2022 година, а согласно Одлуката на Владата на Македонија од седницата одржана на 1 октомври 2024 година во висина од 5 проценти од вкупно проценетата штета од 35.690.926,00 денари.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани