2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МАНИФЕСТАЦИЈАТА ИЗБОР НА НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ И ЕКИПИ НА БИТОЛА ЗА 2025

 
Општинскиот сојуз на спортови и Општина Битола по 62-ри пат ја организираат манифестацијата Избор на најдобрите спортисти и екипи на Битола за 2025 година. Повод за тоа беше денешната прес конференција.
 
Годинашното мото на манифестацијата е „Верувај во себе, направи шампион“.
 
Претседателот на Сојузот на спортови Сашко Павловски рече дека подготовките се во завршна фаза, очекуваат и гости од неколку федерации од Македонија и гости од Министерството за спорт.
 
По категории ќе бидат избрани 10 најдобри спортисти, потоа најдобри сениорски, младински екипи и најдобри младинци. 
„Имаше над 130 предлози за оваа година за избор на спортист. Навистина зад нас имаме многу успешна година во спортот во градот и бевме пред тешка одлука да ги определиме најдобрите“ рече Павловски.
 
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кажа дека како Општина Битола  спортот во Битола ја имал, ја има и ќе ја има поддршката на оваа локална самоуправа.
 
„Нашата задача е да се грижиме и да инвестираме во спортот, и тоа го правиме. Како Општина Битола продолживме и продолжуваме да вложуваме во спортската инфраструктура, професионалниот и училишниот спорт. Секаде со големи букви е запишано и докажано дека Битола е најспортскиот град во Македонија“ вели Коњановски.
 
Манифестацијата ќе се одржи вторник на 17 февруари со почеток во 19:00 часот во Народниот театар Битола, а вечерва од 18:00 часот и изложба на спортска фотографија во фоајето на Народниот театар од четворица автори.

Претседателот Венко Филипче вечерва на сопартијците им порача дека нема да дозволи поделби платени од владејачката ВМРО ДПМНЕ ниту внатрепартиско роварење. "Консолидацијата и внатрепартиското единство се нашата најголема сила и клучот за уште посилен СДСМ во борбата против оваа власт. Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тоа им е единствениот начин да се одржат на власт, " порача вечерва од Штип лидерот на СДСМ Венко Филипче на регионалната средба со општинските организации каде се  разговарало за новата партиска програма, за идните чекори и за процесот што ги започнала партијата за  широка внатрепартиска дебата, директна комуникација со членството и со граѓаните на терен.

 Според фотографиите објавени од Филипче, во Штип од битолските социјалдемократи единствено е присутен Драган Крајовски како нов член на ИО на СДСМ.Messenger creation C61C21DA D0AD 4D20 A8B1 3B915B1079CC
 
 
"Затоа, наша обврска е целосно да ја вратиме довербата во СДСМ, и можеме да успееме. СДСМ има нова сила, енергијата е променета. СДСМ е подготвена да ја врати власта во рацете на граѓаните, порача Филипче. 

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ по изборот на новиот Извршен комитет на партијата, сега објави и јавен повик за кандидирање на нови раководства во општинските комитети. На огласот стои дека нови раководства ќе се бираат и во пелагониските општини Битола, Могила, Новаци, Ресен, Крушево, Демир Хисар... Во изминатите пет години ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола го води Пеце Милевски, кој е актуелен пратеник. Во мандатот на Милевски зеадно со градоначалникот Тони Коњановски извојувани се две победи на локалните избори во 2021 и 2025, а ВМРО-ДПМНЕ во 2024 година победи и на претседателските избори со убедлива победа во гласови за кандидатката, сега претседател на државата, Гордана Силјановска - Давкова и листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бидејќи изборите беа двојни, претседателски и парламентарни. Останува да се види кој се ќе покаже апетити за лидерската позиција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Во колуарите се зборува дека има лоби групи од партиски и државни функционери кои имаат аспирации да  раководат со Општинскиот комитет во Битола. Се зборува дека и жена има намера да ги води битолските членови на ВМРО-ДПМНЕ,  што ако успее во намерата ќе биде за  прв пат во историјата на Општинскиот комитет во Битола, партијата да биде во рацете на понежниот пол. Инаку пред Милевски, ОК го водеа Иванчо Тошевски актуелен директор на НП Пелистер, Борче Димитровски актуелен секретар на Општина Битола и поранешен директор на Центарот за култура, Зоран Илиоски поранешен пратеник, Јовко Крстевски поранешен директор на РЕК Битола, Златко Милошевски екс градоначалник, Владимир Талески поранешен градоначалник, Љупчо Бошевски поранешен директор на Стрежево, Зоран Коњановски актуелен директор на производство на АД ЕСМ и поранешен министер. Всушност овие имиња го водеа ОК Битола во последните две децении, до денес.  Messenger creation CDE8B5EB D3E5 477A 89FF ED2E21996A6E Анета Блажевска 

ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТИШТА ВО НАСЕЛЕНИ МЕСТА ВО ОПШТИНА БИТОЛА

 
Општина Битола во тековната година освен своите програми, ќе реализира и проекти одобрени од вториот повик на Владата за изградба и реконструкции на патишта во населените места во општината.
 
Изградба на коловоз на локалниот пат од село Барешани до „Св. Меркуриј“, потоа реконструкција на коловоз на улици во Ротино, изградба на коловоз на локален пат во село Раштани, реконструкции на улици во селата Трн и Братиндол, реконструкција на коловоз на локален пат за село Горно Ореово.
 
Ова се проекти одобрени преку министерството за транспорт.
Со ова и Владата и Општината водат сметка и за подобрување на инфраструктурата и во руралните средини.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани