2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Сообраќајката кај "Ракометното" во Битола кога автомобил удрил во дрво, дознаваме неофицијално дека ја предизвикал битолчанец кој живеел во Скопје, познат стопанственик во градежниот сектор. Според полицијата  возачот од ударот се здобил со тешки телесни повреди и е во животозагрозувачка состојба. СВР официјално  известува - На 01.02.2026 во 04:28 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Партизанска" во Битола, патничко возило ,,мерцедес“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(44) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрво. Б.К. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.  Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола., информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола. Јп Комуналец е на терен да го санира проблемот со општетеното дрво. Текст Анета Блажевска  Обновено во 15 часот 

Од удар од сообраќајка од  корен е откорнато  дрво кај "Ракометното" во Битола. Дрвото може во секој момент да падне. Директорот на ЈП Комуналец Горљн Степановски, за Апла изјави дека досега не добиле пријава од СВР Битола, но веќе испратил екипи да го решат проблемот со оштетеното дрво. А.Б  Messenger creation D8DA2690 0730 45B5 86A2 1B5DF5880B2A фото АПЛА.мк 

Се расчитува терен од локацијата каде вчера се сруши стара приватна куќа во центарот на Битола, зад зградата викана "ЈАТ" . Оштетените автомобили се отстранети а сега се расчитуваат и рушевините. Допрва ќе се знае дали оштетениот објект ќе биде целосно рушен. Објектот е на познати угостители од Битола.   Видео од терен https://www.facebook.com/share/v/1KSBimvVfW/ Текст и фото Анета Блажевска Messenger creation E649533A FA73 40BC 93B1 B393438009BE Messenger creation AF980642 7100 46BA 839F 6484E0E37452

Поетот и преведувач Тихомир Јанчовски почина денеска во Скопје, потврди семејството во објава на социјалните мрежи. Имаше 58 години. Тихо беше голем пријател на битолчани и во есента учествуваше на книжевна вечер посветена на неговото творештво во Книжевниот клуб УТОПИА Битола.

Јанчовски, кој беше и професор, музичар и издавач, е автор на над триесет книги, главно поезија, преводи, романи и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010). На 23 јануари на својот профил на Фејсбук објави дека излезе книгата „60 икони на Мајката Божја“ од Аријан де Сен-Марк чиј уредник и преведувач е Јанчовски и најави промоција за еден месец.

Во 2024 одбележа 25 години творештво, а истата година со Бранислав Николов го создава поетскиот перформанс „Волкот на љубовта“. Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, присутен е во голем број антологии, а има и четири целосно преведени книги на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик.

Простувајќи се од Јанчовски, од Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) кажаа дека тој „со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата ‘Орце Николов’, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје“.

Јанчовски е дипломец на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје во 1991. Специјализирал во Будимпешта, на Катедрата за Средновековни студии на Централно Европскиот Универзитет. Магистрирал современа историја на УКИМ во 2010.

Куќата што се сруши зад зградата "ЈАТ" во центарот на Битола е во сопственост на познати битолски бизнисмени од градот што работат и угостителство, дознава АПЛА. Правниот застапник на сопствениците, битолскиот адвокат Вања Атанасов вели дека на објектот имало предупредување од можност од одрони. Рушењето на голем дел од куќата се случи денеска по 14 часот и оштети неколку паркирани автомобили. Адвокатот Атанасов за AПЛА потврди дека објектот е во приватна сопственост и во моментов е со вешто лице на местото на настанот со цел да се направи стручен увид на состојбата.  "Објектот е во приватна сопственост, беше во лоша состојба за што сопствениците имаа ставено предупредување на табла закачена на ѕидот да не се паркира во тој дел. Сега со вешто лице ќе мора да се утврди состојбата и да се вештачи причината за рушењето. Дали има дополнителни причини за нарушување на стабилноста на објектот, изјави за АПЛА адвокатот Вања Атанасов, кој ни испрати фотографии од состојбата на објектот пред да се сруши. IMG 03cd1d1002aa14bad00a82057247ca1c V Текст Анета Блажевска  IMG 511e228928a1ba67913e351d0040e764 V

Ексклузивни фотографии на АПЛА! Се сруши приватен објект позади зградата викана ЈАТ во Битолa! Оштетени се неколку автомобили.Полицијата е на терен со инспектори од Општина Битола, чекаме официјални информации за материјална штета Текст и фото  АПЛА.мкIMG 20260130 WA0002

АЛЕН РУСТЕМОВСКИ ОД БИТОЛА СПОРТИСТ НА ГОДИНА ВО МАКЕДОНИЈА

 
Вечерва имав чест заедно, со секретарот на општина Битола Борче Димитровски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски да присуствувам на манфестацијата „Спортисти на годината 2025“ на која двајца битолчани се закитија со ова престижно признание.
 
Боксерите од Битола Ален Рустемовски е избран за спортист на годината на Македонија а Адријан Рустемовски е прогласен за млад спортист на Македонија.
 FB IMG 1769722823407
Со ова уште еднаш Битола покажа и докажа дека е спортски град, а изградбата на боксерската сала е вистинска инвестиција на Општина Битола.
 
По 71-ви пат беа доделени спортските награди на најдобрите спортисти, тренери и тимови од Македонија за 2025 година, а беа доделени и 500 стипендии „Спортска надеж“.
 
Настанот го организира Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија.

Своевидно координативно тело ќе ја води општинската организација на СДСМ и вечерва не се избра вршител на должност. Во Битола дојде генералниот секретар на партијата Александар Саша Димитриевиќ и се сретна со дел од функционерите на ОО на СДСМ Битола. Неофицијално дознаваме дека наместо вршител на должност до изборот на претседател со општинската ќе раководи тело составено од членот на ИО Драган Крајовски, од членовите на Централниот одбор- Зоран Стојчевски, Елизабета Ивановска, Методија Илиевски и Андреј Стојановски, советниците на СДСМ во Советот на Општина Битола- Софија Ристевска-Петрушева, Петар Николовски, Александар Дракуловски и Јадранка Павловска, координаторите на 8 реони, членови на други високи партиски тела. Наши извори велат дека Димитриевиќ постапил сосема исправно и статутарно што не поддржал ОО на СДСМ Битола да ја води времен раководител по оставката на Методија Куновски, туку одговорноста да ја сносат сите актуелни партиски функционери на локално и централно ниво, па дел и од делегатите на Конгресот. Инаку генералниот секретар на социјалните мрежи објави за средбата во Битола иако не даде конкретни информации.  -Од Битола, заедно со најактивните членови, се обраќам до вас – смирено, јасно и одговорно.

Знам дека имало тешки моменти, различни ставови и предизвици внатре во партијата. Тоа не го криеме – го решаваме.
 
СДСМ е силен кога е организиран, дисциплиниран и искрен со себе. Нашата енергија е во членството и на теренот, таму каде што партијата живее.
 
Не се повлекуваме. Не молчиме. Продолжуваме со фокус, со ред и со заедничка цел, напиша Димитриевиќ . Најверојатно дел од членовите на координативното тело се на фотографиите што ги објави Димитриевиќ. Текст Анета Блажевска FB IMG 1769721152374 FB IMG 1769721141815

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани