
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Завршена е реконструкцијата на фасадата на Основното училиште „Стив Наумов“ во Битола, со што значително се подобрени условите за учење и работа, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Денес со експертите од Франција и Андора во пресрет на утрешната јавна расправа во општина Битола, детално на терен ја разгледувавме опцијата за гондола на Пелистер во насока на изработка на квалитетна физибилити студија, објави Националниот парк Пелистер. Извидувањето на терен започна во 6:00 часот наутро од Лоша стена над Цапари, преку Инфоцентар, па се до Ловечка, врв Пелистер и Козји камен. За едно сме согласни: заштитата на природата и развојот на туризмот на Пелистер се процеси кои мора да се развиваат паралелно со цел да се постигни совршен баланс. Цапари - Ловечка како предлог локација од страна на ЈУ НП Пелистер, останува најсериозна опција за која треба да се размислува и дискутира. Деталите од извидувањето на терен ќе ги презентираат експертите, објави НП Пелистер
Почина Драгица Проданова на 86 години поранешен спикер на Радио Битола. Погребот ќе биде изведен денеска на Буковски гробишта во Битола во 13 и 30 часот. Целиот работен век Проданова работеше во Радио Битола а за слушателите беше препознатлива по свој глас, употребата на чист литературен македонски јазик и правилна дикција.
ЈП Комуналец Битола итно го санира дрвото на ул."Партизанска" во Битола, кое рано сабајлево беше откоранато од удар од возило во тешка сообраќајка. Директорот на ЈП Комуналец Горан Степановски по објавата на фотографии во Апла итно испрати екипа да го отстрани откорнатото од корен дрво со цел да не се дозволи дополнителна штета. Дрвото беше откорнато и надвиснато над тревникот пешачката патека и претставуваше опасност за минувачите. Текст А.Б
Фото Апла Мк 
СВР Битола информира за сообраќајна незгода меѓу четири автомобили. Едно лице е тешко повредено. На 31.01.2026 во 11:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на патот Прилеп- Битола во близина на с.Галичани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(31) од Битола, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(38) од с.Горно Оризари, битолско, патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(18) од с.Крклино, битолско и патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(40) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Ј., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
