2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравмe“, објави на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Во Зоолошката градина во Битола угина нилскиот коњ Берта што беше донесен од Скопската зоолошка градина.

Установата објави дека - вчера семејството на Зоолошка градина Битола го напушти Берта, нашиот нилски коњ.
Берта беше омилена радост на најмладите наши гости повеќе од една деценија.
Пред да се пресели во нашата ЗОО Градина, Берта, близу 40 години, се дружеше со жителите и посетителите и на зоолошките градини во Скопје, Белград и во Виена, од каде и потекнуваше.
Овој наш жител има свои потомци во ЗОО градините во Виена, Белград и Скопје.
И покрај длабоката старост Берта одржуваше солидно здравје кое и покрај континуирана нега и терапија од нашиот ветеринар, сепак не можеше многу, против природниот крај за овој животински вид, кој на оваа возраст е неизбежен, објави ЗОО Битола.
Тимот на ЗОО Битола најавува дека веќе презема чекори современото живеалиште на нилскиот коњ да стане дом на нов жител, нов пријател на нашите посетители, објави 
ЗОО Битола                                                 Текст Анета Блажевска

Продуцентот Панде Димитровски отвори нов YouTube канал посветен на златните години на битолската и македонската музика – Битолски музички незаборав.

https://www.youtube.com/@bitolskimuzickinezaborav

-Ова е место каде што песните не се забораваат, туку повторно оживуваат и сведочат за едно време исполнето со музика, фестивали и искрени емоции.

Каналот ги обединува сите песни од фестивалите СИ–ДО од периодот 1991 до 1996 година, кога се создадоа и испеаја некои од најпознатите детски хитови како „Визба стара и гитара“, „Ние сме Македонци“, „Наставничке пријателке“, „Наташа од трето три“, „Баксуз“ и многу други. Дел од содржината се и песните од „Здраво генијалци“ од 1996 до 2000 година, проектите на СИ–ДО ФМ од 2001 и 2002 година, како и музичкиот настан „Незаборав“ кој се одржуваше во периодот од 2010 до 2025 година.

Посебно место на каналот имаат и битолските музички имиња кои оставија силен печат во историјата на градот и македонската сцена. „Битолски музички незаборав“ е посветен на уметници како Сашка Петковска, Пепи Бафтировски, Јонче Христовски и групата Конзули, како и на многу други музичари кои со своето творештво ја обележаа Битола.

Овој канал не е само збирка песни, туку вистинска музичка архива и враќање во времињата кога фестивалите беа настан, а песните се слушаа и паметеа со генерации. „Битолски музички незаборав“ е повик до сите љубители на македонската музика да се потсетат, да споделат и да го зачуваат музичкото наследство кое не смее да се заборави, наведува Димитровски. .

Судскиот совет на денешната 536. седница донесе одлука да формира работна група што ќе проверува дали Основниот суд Битола постапил согласно законските надлежности при укинувањето на притворот на сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски, во замена за гаранција од 4,9 милиони евра. Жалбата на одбраната на Марковски ја прифатил Кривичниот совет на Основниот суд Битола, откако претходно судија на претходна постапка од истиот суд го отфрлил предлогот како неоснован. Со укинување на мерката притвор не се согласило и Основното јавно обвинителство Битола.

 Судскиот совет за членови на работната група ги избра Павлина Црвенковска, Данка Ристова и новата членка на Советот, Сузана Јошевска-Анастасовска.

 

Советот, на предлог на членот Ивица Николовски, со 11 гласа „за“ донесе одлука за формирање работна група што ќе проверува дали Основниот суд Битола постапил согласно законските надлежности при укинувањето на притворот на сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски, во замена за гаранција од 4,9 милиони евра.

– Сите сме сведоци, сите ги читаме секојдневните написи на електронските медиуми во кои се изнесуваат наративи или содржина со кои се осудува постапувањето на тој суд или се нарушува угледот на судот. И затоа сметам дека како надлежна институција која ја следи работата на судовите треба да се изврши увид и да се констатира една состојба што е што – изјави Николовски.

 

Николоски во дополнителното образложение, пред предлогот да биде ставен на гласање, рече дека Советот мора да има прецизен став и мислење за постапувањето во конкретниот предмет.

„Таму имаме некоја непотпишана изјава од еден од судиите во која известува за работи поврзани со постапувањето на тој суд. Од друга страна, голем број медиуми деновиве интензивно значи изнесуваат наративи кои официјално не се потврдени, но укажуваат на отстапување од судиската должност и примена на законите и носење одлука, која е да речеме сомнителна или ваква-таква. Ние сме орган којшто ја следи работата на судовите и на работата на судовите и не треба да се дозволи да се шпекулира, тоа ќе значи и одбрана на судиите во насока на едно независно и самостојно постапување и одлучување, но, зависно од констатираната состојба можеби ќе има потреба од дополнително укажување и преземање на… Од тие причини ние не смееме да шпекулираме, точно треба да имаме став, мислење во однос на постапување со тој предмет и од тие причини предлагам работна група. Со оглед дека станува збор за кривичен предмет би предложил тоа да бидат двајца колеги на кои кривичната материја им е поблиска“ , рече Николовски.

 

Неговата колешка од Советот, Антоанета Димовска, рече дека станува збор за суштинско прашање, бидејќи не се работи за поединечен случај, туку за судска пракса кога се работи за гаранциите. Таа рече дека Судскиот совет треба да иницира средба со Врховниот суд и со четирите апелациски судови во државата, на која ќе се дискутира за ова прашање.

„Да се вратиме назад на извештајот кој беше изготвен од колешката Данка Ристова, токму за гаранциите и како се постапува. Ние сè уште очекуваме да бидеме повикани на средба и еве отворено кажувам и го повикувам Врховниот суд и сите четири апелациски суда да се пристапи навистина сериозно на ова прашање, бидејќи таму беа констатирани недоследности во примена на законот. Не се работеше за поединечен случај туку за судска пракса и покрај ова треба уште еднаш да земеме, еве предлагам ние да ја иницираме таа средба, бидејќи очигледно има проблем. Од денешната седница да иницираме дека има потреба од средба и во наредниот период да дадеме покана. Во текот на февруари тоа да биде направено“,

рече членката на Судскиот совет, Антоанета Димовска.

 

Марковски е еден од осумте обвинети за злоупотреби на тендерот за дислокација на погонските единици од рудникот „Осломеј“ во рудниците на РЕК „Битола“, вреден 1,7 милиони евра.

Основното јавно обвинителство Битола на 9 октомври отвори истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола, меѓу кои и Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“. Кон крајот на октомври минатата година судот на барање на ОЈО Битола замрзна имот во Србија и Македонија на Борче Марковски.

Битолскиот суд на 16 јануари годинава, постапувајќи по жалба на обвинетиот, донесе одлука за укинување на притворот и определување мерки на претпазливот на Марковски во замена за гаранција во движен и недвижен имот. По реакциите во јавноста Основниот суд Битола излезе со сопштение.

 

 

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани