
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Како дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ, вљубениците во театарот, денес, со почеток во 20.00, на сцената на Народниот театар во Битола, ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава „Народен непријател“, во изведба на Македонскиот народен театар. Влезот за претставата е слободен.
За време на викендот, веднаш по невремето, кое беше проследено со големи врнежи од дожд и силен ветер, екипи на ЈП Комуналец Битола излегоа на терен, при што презедоа активности за расчистување на состојбата.
Продолжува програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ. Оваа недела програмските содржини ќе понудат културни настани за сите генерации.
Полициски службеници од СВР Битола во текот на изминатата ноќ реализираа акцииска контрола која е дел од планот "Безбедно лето-2022". Оваа контрола беше спроведена на јавни места каде има зачестено нарушување на јавниот ред и мир на цело подрачје на СВР Битола.
Градежните активности за реконструкција на улицата „Македонска фаланга“, влегуваат во завршна фаза.
Времето денес: Претпладне сончево и многу топло и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места ќе има услови за појава на невреме со град и силен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. УВ=9
ВРЕМЕТО УТРЕ (03.07): Претпладне сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме со град и силен ветер. УВ=9
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Продолжува периодот на многу топло време. Поради влијание на циклонска активност од исток, во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со град и силен ветер.
