2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

СВР Битола информира - На 14.11.2025 во 13:00 часот во с.Јакреново, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево од Ф.А.(44) од с.Јакреново одзедоа ловечка пушка, ременик и дозвола за поседување оружје. Имено, претходно беше пријавено дека на социјална мрежа беше објавено видео на кое се гледа дека 15-годишно девојче вперува огнено оружје кон главата на својот 11 - годишен  брат. По преземени мерки беше утврдено дека настанот се случил во неговиот дом и беа направени консултации со јавен обвинител, оружјето е одземено и по целосно документирање на случајот против Ф.А.ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Битола информира - На 14.11.2025 во 16:40 часот во с.Избиште, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ги лишија од слобода Ѓ.В.(32)  А.В.(29) и Б.В.(27), сите од Битола. При преглед на патничко возило „форд" со битолски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.В., а сопатници биле А.В. и Б.В., пронајдени се марихуана и предмети со остатоци од марихуана. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветен поднесок

МАРИНА КРСТИЌ - НОВ ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА БИТОЛА, објави градоначалникот Тони Коњановски

 
Градоначалникот на општина Битола од денес има нов заменик - советничката во Советот на општина Битола, Марина Крстиќ. 
 
Крстиќ е советничка во новиот состав на Советот на општина Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот мандат заменик градоначалник беше Бојан Бојкоски, но тој сега е претседател на Советот на Општина Битола. 
Изгласан е ребалансот на Буџетот на Општина Битола.
Донесена е и новата Развојна програма на Општина Битола за периодот 2026–2028 година.
„Со овие важни одлуки обезбедуваме стабилни финансии, јасна визија и континуитет во развојот на нашиот град.
Продолжуваме со реализација на проектите кои значат подобра инфраструктура, поквалитетни услуги и уште посилен развој на Битола.
Работиме посветено и одговорно за модерна и уредена општина“, објави претседателот на Советот Бојан Бојкоски.
Амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер и амбасадорот на Република Франција, Кристоф Ле Риголер во заокружија престојот во Битола, со посета на општината, каде што остварија средба со градоначалникот Тони Коњановски.
На средбата, беа разменети искуствата од реализацијата на тековните проекти, кои што општина Битола ги реализира со поддршка од двете земји, како и можностите за продлабичување на взаемната соработка.
Градоначалникот се заблагодари на поддршката која што општината во континуитет ја добива од овие држави. На средбата присуствуваше и почесната конзулка на Република Франција во Битола, Калиопа Кривашија Стилиновиќ.
583753923 869654552084094 6896875879328190034 n
583909119 869654548750761 2138396243767031627 n

Министерството за одбрана и вооружени сили на Република Франција денес во Битола го одликуваше со Сребрен медал за национална одбрана, полковникот Кире Николовски.

На свечена церемонија што се одржа во присуство на амбасадори и претставници на амбасади од повеќе европски држави, како и делегација на Општина Битола, полковникот Кире Николовски беше промовиран како високо стручна личност, претставник на вооружените сили на Република Македонија.

„Во текот на 2023-2024 година полковник Кире Николовски од вооружените сили на Македонија посетуваше обука во Воената Школа во Париз. Во текот на обуката тој извонредно се интегрираше меѓу армиската, и меѓу народната средина, во која претстави прекрасна слика за неговата татковина. Во оваа свечена пригода сакам да се заблагодарам на македонските власти што на француската армија и ја доверија обуката на високо ниво на полковникот Николовски. Тоа ќе се покаже исплатливо за неговата интероперабилност заедно со француските сили на мултилатерален и билатерален план. Полковник Кире Николовски, во име на министерот за одбрана и вооружените сили на Франција ви доделуваме Сребрен медал за национална одбрана, беше истакнато на свеченоста во Битола.

ЗАЕДНИЧКА КОМЕМОРАЦИЈА НА ФРАНЦУСКИТЕ ВОЕНИ ГРОБИШТА ВО БИТОЛА

 1000009142
На Француските воени гробишта во Битола денес се одржа комеморативна церемонија по повод одбележувањето на примирјето од 11 ноември 1918 година и „Денот на народната жалост“.1000009145
 
Настанот, организиран од амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција, беше посветен на споменот на сите загинати, повредени, исчезнати и прогонети во воените конфликти, без разлика на нивната национална припадност. 
 
По тој повод, цвеќе положија амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претседателот на Советот на општина Битола Бојан Бојкоски, како и претставници на армијата, останати институции и други делегации. 1000009147
 
Меморијалниот простор на Француските воени гробишта претставува траен споменик на војниците кои го положиле својот живот и потсетник на значајната улога на Македонскиот фронт во поширокиот европски историски контекст. Овој комплекс нè охрабрува да го негуваме сеќавањето и да ги вреднуваме поуките од минатото, со стремеж кон создавање иднина заснована на меѓусебно почитување, солидарност и пријателство.

До Советот на Општина Битола пристигнало барање од член на Училишниот одбор од училиштето во село Бистрица, битолско да биде реазрешен. Советот точката ја стави на дневен ред и ќе одлучува денеска.

Вчера директорката на Подрачното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во село Бистрица, битолско, пријавила дека член на Училишниот одбор и упатил закани и вербални напади со цел таа да си поднесе оставка од директор.

„Влезе без најава во канцеларијата и почна насилно и агресивно вербално да ме напаѓа. Се закануваше со разни пријави, ми упати многу навреди и недостојни зборови. Го предупредив дека се наоѓа во службени простории и не смее така да се однесува но тој продолжи уште пожестоко. Бидејќи не престануваше пријавив во МВР по што тој веднаш замина. Полицијата дојде направи записник, по што ми се влоши здравствената состојба и беше повикана служба за итна медицинска помош. За жал ова не е единствен ваков случај во државата и време е сите заедно да се избориме еднаш за секогаш да престанат заканите и ваквите напади од локални кметови кои сметаат дека целата власт е во нив“, се обрати вчера директорката на основното училиште во Бистрица Татјана Апостоловска-Ѓоргиевска преку фејсбук страната на училиштето.

Денеска на почетокот на седницата на Советот на Општина Битола, советникот на СДСМ Петар Николовски побара разрешување на членот на Училишниот одбор, додека претседателот на Советот, Бојан Бојкоски пред советниците кажа дека членот на Училишниот одбор во училиштето во село Бистрица само побарал да биде сменет, за што веќе е поставена точка на дневен ред и советниците ќе треба да се изјаснат.  

 

А.Б 

Горната Гимназија во Битола го доби престижното признание од Република Франција за организирање билингвална настава. Синоќа во Свечената сала на Офицерскиот дом - КИЦ Битола, СОУ Јосип Броз Тито приреди свечен настан по повод одбележувањето на 20 - годишниот јубилеј - двојазична франкофонска настава,  (билингвални) паралелки. Во оваа прилика СОУ "Јосип Броз Тито"  доби значајно признание од француското Министерство за Европа и надворешни работи,  односно училиштето е носител на престижниот бренд LabelFranceEducation, кој се доделува на образовни институции низ светот што постигнале високо ниво во развојот и реализацијата на двојазичната франкофонска настава. По тој повод, во придружба на почесниот конзул на Р. Франција, Калиопа Кривашија Стилиновиќ присутен беше и францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер кој ѝ го врачи признанието на директорот на СОУ Јосип. Броз Тито, м-р Лидија Споа. По свечената церемонија, следуваше дружење со гимназиски бенд кој приреди одлична забава. 1000009131 1000009128 1000009127  1000009129 1000009135 1000009132 1000009134 1000009133

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани