2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Вчера во големата сала на Центарот за култура – Битола свечено беше отворен 17. Фестивал на музика од светот со исклучително топла и емотивна атмосфера. 1000009647

 
Фонтана, предводена од кларинетистот Благојче Трајковски и Гамзе, Турчинка со македонски корени приредија концерт што ја исполни салата со емоции, енергија, традиција и звук  кој никого не остави рамнодушен. 1000009642
 
Настапот беше збогатен со посвети за битолчани кои оставиле трага во музиката, како и изведби што ја разнежнија публиката.
 
Гамзе со песни на македонски јазик, зборови полни искреност и топлина, таа ја освои публиката и го сподели своето длабоко чувство кон Битола.1000009625
 
Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски 1000009638

Тања Царовска и Камерниот оркестар Битола подготвуваат извонредно музичко патување околу светот – софистицирана фузија на традиционални песни од различни култури и континенти. Концертот ќе се одржи вечерва во 20 часот во Центарот за култура во Битола.

Со меѓународна кариера во светот на филмската музика што се протега речиси три децении, гласот на Царовска е препознатлив дел од бројни филмски, театарски и танцови продукции. Таа изведува музика на широк спектар на јазици и стилови — од арапски и грчки до ирански, индиски, бангладешки и ерменски — секогаш враќајќи се кон својата длабока поврзаност со македонската традиционална песна. Во овој специјален музички проект, Царовска претставува избор на традиционални песни што ги открила низ своето долгогодишно уметничко патување. Колекцијата е исполнета со лични мелодии и спомени, оживеани преку нејзиниот препознатлив вокал и богатото звучно присуство на Камерниот оркестар Битола.

Концертот е во рамките на 17. Фестивал на музика од светот, што беше отворен синоќa со настапот на групата „Фонтана“ и гостинката од Измир, Гамезе Матраџи.

Градоначалникот Тони Коњановски доцна вечерва објави дека моторно масло е излеано на една од фреквентните улици во центарот на Битола - При изведување на градежни работи на приватен објект на ул. ,,Климент Охридски", од градежна машина била излеана поголема количина моторно масло. По добиената пријава, Општинската инспекција веднаш излезе на терен и ја потврди состојбата. 1000009601

 
Утврден е објекот на изведување на градежните работи и за ваквиот прекршок ќе биде изречена соодветна казна.
 
Екипите на ЈП „Паркинзи“ во координација со СВР БИТОЛА ќе постават вертикална сигнализација со цел поголема внимателност при возење на овој дел од коловозот, објави Коњановски. 1000009600

НОВ ПОКРИВ на зградата на ООУ "Св.Климент Охридски" во Битола. Завршена е реконструкцијата на кровната конструкција на ООУ"Св.Климент Охридски" Битола.

Мината недела заврши реконструкцијата на кровната конструкција и со 
оваа нова инвестиција значително се подобрија  условите за реализација на воспитно-образовниот процес во училиштето.
-Проектот во вредност од 80.314 евра опфати замена 1.800 м2 кровна површина. Проектот беше реализиран со финансиска поддршка од Јапонската амбасада.Ова е втор пат Јапонија да одобрува гранд за обнова и реконструкција во ова училиште, изјави директорот Предраг Созовски.
Минатата недела во посета на училиштето беше вториот секретар на Амбасадата н.е Накамура.На средбата училиштето се заблагодари за  поддршката која во континуитет ја добива од Јапонија и се укажа дека соработка продолжува и понатаму. 1000009590

СВР Битола извести дека  поднесе кривична пријава против М.С.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „несовесно работење во службата“. Пријавената, во својство на директор на Национална установа „Завод и музеј“ Битола, спротивно на одредбите од Законот за вработени во јавен сектор и Законот за работни односи, несовесно постапила во вршењето на своите овластувања и должности на тој начин што извршила промена на Актот за систематизација на работните места, со што го укинала нејзиното работно место виш кустос и за себе отворила ново работно место кустос советник, кое што е едно ниво повисоко од претходното, соопшти полицијата. 

СООПШТЕНИЕ ОД ВОДОВОД БИТОЛА! По успешно санираниот дефект на водоводната мрежа (пвц, ф-315), на ул.Булевар 1 Мај, водоснабдувањето е нормализирано  и се одвива непречено. 1000009579

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани