2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

УХМР објави дека во Битола до 7 часот утрово наврнаа 30 литри дожд на метар квадратен. 

За денес метеоролозите предупредуваат на повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

586684112 1331702645634278 7337709994320724157 n

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат.

586631746 1331703835634159 8342113247796007118 n

Компанијата Imlek, водечки производител на млечни производи на Балканот, стои пред значајна промена во сопственичката структура. Во рамките на групацијата Imlek работи и Бимилк, како еден од клучните и најсовремени регионални капацитети во оваа групација. Бимилк останува составен дел од Imlek и продолжува да работи непроменето, согласно највисоките стандарди за квалитет.

За купопродажбата постигнато е финансиско и оперативно согласување со кое Imlek преминува во сопственост на семејниот инвестициски холдинг на Андреј Јовановиќ (AJFH) како водечки инвеститор и Бојан Радун, долгогодишен генерален директор на Imlek, кој ќе продолжи да ја води компанијата и во новата структура. Договорот предвидува завршување на трансакцијата во првиот квартал од 2026 година, согласно сите редовни процедури на купопродажба.

Претприемачите Јовановиќ и Радун истакнуваат дека во Imlek гледаат огромен потенцијал за натамошен раст и развој преку засилени инвестиции, унапредување на оперативната ефикасност и континуирани иновации во производството и портфолиото. Компанијата е препознатлива по силните брендови, а нејзината водечка пазарна позиција на Западен Балкан претставува значајна основа за понатамошно проширување.

Под капата на Imlek функционираат четири производствени капацитети, каде покрај Бимилк и два производни погони во Србија, е и Млијекопродукт од Босна и Херцеговина. Компанијата годишно преработува околу 350–400 милиони литри сурово млеко и соработува со повеќе од 3 500 фармери во регионот.

Со најавената промена на сопственоста, Imlek влегува во нова развојна фаза која дополнително ќе ја зајакне неговата позиција како најголем млечен бренд на Балканот, со јасна визија за раст, модернизација и поддршка на локалното производство.

ПР соопштение

 
BALKAN ZOO – музика што не ве остава рамнодушни!
Вечер на Фестивалот на музика од светот полна со ритам, виртуозни импровизации и силна енергија – токму она по што тие се препознатливи.

Balkan Zoo е хрватски музички состав на наградуваниот басист и композитор Марио Рашиќ, кој веќе 13 години ја промовира балканската музика во современи аранжмани.

3 BALKAN ZOO

Во 2021 година започнува соработка со вокалната солистка и фламенко пејачка Нина Чориќ, со која заедно го објавуваат албумот „Recycle“ (2022, Croatia Records) — традиционални ромски песни претворени во прогресивен world music израз. Албумот добива одлични критики и го промовираат низ целиот регион, настапувајќи во повеќе хрватски и балкански градови.

Во 2024 година го објавуваат вториот заеднички албум „Muzika za ples“ (Croatia Records), кој повторно ги комбинира ромските и фламенко песни во прогресивен world music стил. Албумот во 2025 е номиниран за наградата Porin во категоријата „најдобар world music албум“, а Balkan Zoo настапува во живо на телевизиска изведба за 32. доделување на Porin.

29 ноември | 20:00 | Центар за култура – Битола
 
Билети во продажба по цена од 400 денари на https://www.3dkinobitola.com/single/event/250
Во Општина Битола се одржа нова работна средба на Кризниот штаб, со која раководеше претседателот на Советот на општината, Бојан Бојкоски. На состанокот се вршеше координација и размена на информации со јавните претпријатија и другите институции, околу вчерашните преземени активности на терен, како и за активностите на дежурните екипи во текот на ноќта.
Екипите продолжуваат со континуирана работа и чистење на терен на сите критични локации со механизација, во пресрет на најавените врнежи од дожд за време на викендот.
На средбата присуствуваа директорите на јавните претпријатија, координаторите на советничките групи во Советот, претставници од ЈП Стрежево, Водостопанство, ЦУК, ДЗС, СВР, како и компании и градежни претпријатија кои во рамките на својата општествена одговорност, се ставени на располагање за навремено реагирање на терен со соодветна механизација и работна сила.
585404446 873983888317827 3799569277161299549 n
585396339 873983908317825 9155202199188974644 n
 

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола напредува со силно темпо и се реализира согласно утврдената динамика, информира министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Тој истакна дека проектот претставува еден од клучните инфраструктурни приоритети на државата и дека градежните активности се одвиваат без застој.

„Силен прогрес во изградбата на автопатот Прилеп – Битола. Продолжуваме по планот – автопатот ќе биде завршен до 2028 година. Македонија се гради со силно темпо“, порача Николоски, нагласувајќи дека овој инфраструктурен проект ќе ја подобри регионалната поврзаност и ќе донесе значајни економски придобивки за целиот Пелагониски регион.

Автопатот, кој ќе ги поврзе двата најголеми града во Пелагонија, ќе обезбеди побрз, побезбеден и поефикасен транспорт, а очекувањата се дека неговата изградба ќе поттикне инвестициски развој и мобилност на населението.

Министерството за транспорт и врски останува посветено на реализацијата на приоритетните патни коридори и на модернизацијата на државната инфраструктура, со цел создавање подобри услови за граѓаните и стопанството.

„Ја градиме Македонија“, порача министерот Николоски, најавувајќи дека темпото на изградба ќе продолжи и во наредните месеци.

Видеото може да го погледнете тука

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски објави дека вечерва е стабилна хидролошката состојбата на реките и каналите во Општина Битола.

-Екипите на јавните претпријатија и Водостопанство Битола и вечерва се на терен на сите локации. Состојбата е стабилна и под целосна контрола, без никаква опасност за месното население.

 
Во текот на целата вечер ќе дежураат екипи со соодветна механизација за навремена реакција доколку има потреба.
Продолжуваме со активно следење на ситуацијата.

Македонскиот културно-информативен центар во Софија годинава повторно е дел од европската поетска сцена на 10-то јубилејно издание на проектот „Европска поезија во вагоните и станиците на Софиското метро“, кое се реализира од 18 ноември до 15 декември 2025 година, велат од КИЦ во Софија. Овој проект, инициран од Полскиот институт во Софија и поддржан од културните центри на ЕУНИК, странските амбасади, Општина Софија и националните медиуми, се нагласува, ги спојува европските литературни традиции во едно живо ткаење.1000009328

1000009327

-И таму, меѓу сите тие гласови, Македонија стои исправена, препознаена, чуена, со својот јазик како штит, како дар, како белег на постоењето. Годинава нашата земја на предлог на Македонскиот културно-информативен центар во Софија е претставена со моќната кратка песна „Јазикот“ од Михајло Свидерски, дело што говори со таа непокорна и тивка сила што само малите, но горди народи умеат да ја носат. И токму тие стихови, гордо и јасно го одекнаа македонскиот јазик, јазикот што носи корен, историја, болка, љубов и непокор. Меѓу големите европски имиња – Хесе, Киплинг, Милош, Вретакос, Гимараеш, Стенеску, Метелус, стои и Михајло Свидерски, рамноправен, гласен, своеобразен. И така, во мозаикот на европските поетски традиции, македонскиот глас не се губи, напротив, се издига. Се издвојува. Се памети, информираат од КИЦ од Софија. 

Во Општина Битола се одржа координативен состанок на Кризниот штаб, со
кој претседаваше претседателот на Советот на општината, Бојан Бојкоски.
На состанокот беа присутни директорите на јавните претпријатија,
претставници од ЈП Стрежево, Водостопанство, ЦУК, ДЗС и СВР, како и
компании и градежни претпријатија кои, во рамките на својата општествена
одговорност, се ставени на располагање за навремено реагирање на терен.
Секој од учесниците презеде конкретни обврски за следење на состојбата,
со максимална подготвеност за интервенција со соодветна механизација. 585562858 873363548379861 2563861127657573219 n

  Како дел од превентивните мерки и со цел заштита од можни последици од
дождовите, се спроведува интервенција на пропустот на Ротинска Река на 
стариот пат за Цапари. Поради изведбата, овој дел од патот ќе биде
привремено затворен за сообраќај. 585703608 873363908379825 7806624318537222447 n

  Се интервенира и се следи состојбата во повеќе населени места и
локации: Карамани, Лажец, Лера, Меџитлија, браната Стрежево, Породин,
Долно Оризари и Жабени. Во тек се и превентивни активности на патот кон
хотелот Молика на Пелистер, над Детското одморалиште.

  Дежурните служби остануваат активни и работата на терен ќе продолжи
непречено во текот на денот и вечерните часови.
584964057 873363598379856 5627657194960814401 n
 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани