2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Бројни православни верници од Битола на Света Божествена Литургија во храмот „Света великомаченичка Недела“-Битола, утрово ги пречека  моштите  од Светата Великомаченичка Недела и се поклонуваат пред нејзините свети мошти. Моштите ќе останат трајно во храмот. Постапката за носењето на моштите започнала пред неколку години, кога со благослов на Митрополитот Петар, битолската црква „Света Недела“ ја посетил свештеникот Рафаил – Холанѓанец, кој служи во цариградската Диецеза во Холандија. Отецот Рафаил и претходно на целивање ги донесе моштите на Свети Никола, кои престојуваа во битолскиот храм неколку недели. Црквата сега го подготви кивотот – дрвено ковчеже во кое реликвијата ќе биде изложена трајно во храмот „Света Недела“ во Битола. Со светата литургија чиноначалствуваше старешината на храмот, протоереј Николче Неделковски, во сослужение со протоереите Стеван Здравевски и Крсте Тасески, а помагање имаше и од ѓаконот Михаил Атанасов. Се отслужи Воскресна утрена и литургија.

 

10000094361000009433 1000009434 1000009431 1000009438 1000009435

 

Утре во црквата "Света Недела" во Битола ќе се одржи Света Божествена Литургија по повод  пречекот на моштите на Светата великомаченичка Недела во истоимениот храм во Битола со почеток од 07:00 часот.
 
Повик до сите,
Возљубени во Христа браќа и сестри,
заедно да се собериме и помолиме во недела, на 23 ноември, со почеток од 07:00 часот во радоста на Светата Божествена Литургија во храмот „Света великомаченичка Недела“-Битола, каде што ќе се удостоиме и со дополнителен благослов: да бидеме дел од пречекот на моштите  од Светата Великомаченичка и да се поклониме пред нејзините свети мошти.
 
Да се собереме заедно и да Му благодариме на Господа за сите Негови дарови и за молитвеното застапништво на Света Великомаченичка Недела. 
 

СВР Битола информира дека 23 годишна битолчанка е тешко повредена во сообраќајката што се случи вчера вечер на патот Битола, граничен премин Меџитлија. Според полицијата на 21.11.2025 во 19:55 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- Граничен премин Меџитлија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.С.(23) од Битола и патничко возило „фолксваген поло“ со грчки регистарски ознаки, управувано од А.Х.(30) од Република Грција. Со тешки телесни повреди се здобила 23-годишната А.С., констатирани во Клиничка болница Битола. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

ИЗВЕСТУВАЊЕ од ЈП Паркинзи Битола

 
Почитувани корисници на услугите на затворениот паркинг пред Домот на културата, Ве информираме дека утре (сабота 22. 11. 2025 г.) заради посета на висока делегација на нашиот град паркингот нема да работи. 
Воедно апелираме до граѓаните кои се корисници на овај паркинг, своите потреби за паркирање да ги извршат на некоја од соседните локации. 
Ви благодариме на разбирањето и соработката. 
 
Со почит, ЈППЈЛП БИТОЛА

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани