2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

ИЗГРАДЕНИ ТРИ НОВИ ИГРАЛИШТА  ВО ,,ОБЛАСТА"

 
Во месноста Областа, на улица „Нико Фундали“, изведени се три нови игралишта на вкупна површина од 629,27 м².
 
Комплексот содржи детско игралиште, мало кошаркарско игралиште и мало фудбалско игралиште. На детското игралиште е поставена соодветна урбана опрема и реквизити, а подлогата е изработена од дробеник (шљунак). Кошаркарското и фудбалското игралиште се опремени со модуларни подлоги и соодветна урбана опрема.1000009558
 
Вкупната вредност на договорот за реализација на проектот изнесува 2.666.219 денари.1000009563

Промоција на романот „Толку темно“ од Сашо Димоски во книжевниот клуб UTOPIA

 
Во среда, 26 ноември, со почеток од 19:00 часот, книжевниот клуб UTOPIA во Битола ќе биде домаќин на промоцијата на новиот роман „Толку темно“ на драматургот и прозен автор Сашо Димоски.
 
UTOPIA и овој пат останува верна на идејата книжевноста да се живее одблиску, како разговор, размена и заедничко искуство. Настанот е уште едно поглавје во програмата посветена на современата македонска литература, со акцент на автори кои имаат препознатлив, моќен глас.
 
Сашо Димоски е драматург, прозен автор и универзитетски професор, чии текстови одамна имаат сопствен пулс и препознатлива поетика. Неговите драми се играат на домашни и странски сцени, преведувани се на повеќе јазици, а прозата му е забележана со бројни критики и награди. Димоски важи за еден од најинтересните претставници на новата книжевна генерација, автор кој умее да ја спои драмската напнатост со прецизен, кус и силен јазик.
 
Романот „Толку темно“ не се движи по класични романескни правила. Наместо линеарна приказна, читателот следи патување на човек низ градови, векови и внатрешни состојби:
Троја. Рим. Константинопол. Амстердам. Париз. Мадрид. И, конечно тука, овде.
 
Книгата зборува за движење и припадност, за историјата што ја носиме во себе и за денешниот здив на градовите во кои живееме. Ликот станува мапа составена од сопствени доживувања, загуби и надежи, а јазикот на Димоски останува чист, точен и драмски концентриран, оној тип на проза што го повикува читателот да чита бавно, внимателно и повеќепати.
 
На промоцијата во UTOPIA Book Club публиката ќе има можност да го проследи разговорот со авторот во неформална, блиска атмосфера, да слушне читање на избрани фрагменти од романот и да се вклучи во отворената дискусија за темите на книгата и се разбира да ужива во книжевно дружење и писле промоцијата во духот на UTOPIA, каде литературата и градот се спојуваат во едно искуство.

МЕЃУНАРОДЕН САМИТ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО ПАРИЗ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ПРОТИВ АНТИСЕМИТИЗМОТ

 
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и секретарот на општината Борче Димитровски, беа дел од Самитот на градоначалници против антисемитизмот, кој се одржа во Париз. 
 
Самитот, со кој претседаваше  градоначалничката на Париз Ан Идалго,  ги обедини градските лидери, креаторите на политики и претставниците на заедниците, во нивната заедничка мисија за активно спречување и сузбивање на антисемитизмот во сите негови форми. Настанот претставува значајна платформа за акција, дијалог и размена на искуства, нагласувајќи ја клучната улога на градовите во заштитата на граѓаните и унапредувањето на квалитетот на заедничкиот живот.
 
Во рамките на програмата, учесниците активно учестваа во панел-дискусиите и работните сесии фокусирани на практични стратегии, успешни локални иницијативи и специфичните предизвици со кои се соочуваат општините при справувањето со омразата и дискриминацијата. Градоначалниците и општинските лидери ги споделија своите практични искуства, политички пристапи и дискутираа за можностите за прекугранична соработка која може да ја зајакне едукацијата, безбедноста и довербата во заедницата.
 
Самитот имаше за цел да го поттикне развојот на заеднички решенија, да ја засили солидарноста меѓу градовите и да ја нагласи важноста на локалното делување во борбата против антисемитизмот. 
 
Во рамките на посетата на Париз, градоначалникот Коњановски и секретарот Димитровски остварија средба со амбасадорот на Македонија во Франција, Игор Николов, во македонската амбасада.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани