Анета Блажевска

Анета Блажевска

Согласно препораките на Американска агенција за лекови и ЕМА, како и анализите на кои се работеше во изминатиот период за тоа кои лица треба да примат трета доза вакцина, Комитетот за имунизација донесе одлука околу трета бустер доза.

 
Сите граѓани постари од 60 години, здравствени работници независно од возраста и пациентите кои имаат трансплантации, на дијализа или имаат имунокомпромитирана здравствена состојба, по 6 месеци од извршена комплетна вакцинација, ќе добијат трета доза на вакцина.
 
Во изјава за медиуми, министерот за здравство д-р Венко Филипче кажа дека вакцинација со трета доза ќе се врши исклучиво со вакцина од производителот Фајзер и согласно анализите, ваквата одлука е во насока на заштита на оние кои се најранливи и подложни на лоша клиничка слика при евентулано заразување од вирусот.
 
Вакцинацијата со трета доза на вакцина ќе се врши со покана до граѓаните за термин преку СМС порака, онака како што се вршеше и на почетокот при приоритизација на критичните групи на граѓани.
 

Се известуваат пензионерите, членови на ЗП Битола, дека акцијата за запишување на ваучери се прекинува , согласно Изборниот Законик, се до целосното завршување на локалните избори.

Сите поднесени документи за добивање на ваучери во меѓувреме ке бидат ревидирани во смисла на исполнување на условите од Правилата за доделување хуманитарна помош на пензионерите, донесени од Извршниот одбор на ЗП Битола, според кои хуманитарна помош можат да добијат пензионерите чија пензија изнесува најмногу 13.000,00 ден. без други додатни приходи во семејтвото, односно пензиите на сопруг и сопруга да не се повисоки од 20.000,00 ден. исто така без додатни приходи во семејството. Овие ваучери во вредност од 1000,00 ден. ќе бидат дадени на пензионерите после целосното завршување на локалните избори.

Во периодот после изборите ќе се овозможи ново запишување на пензинери, за доделување на ваучери доколку ги исполнуваат горе наведените услови, а не се претходно пријавени, стои во соопштението на Здружение на пензионери. 

              

Во основните и средните училишта во Битола од почетокто на учебната година до денес има вкупно 12 ученици позитивни на коронавирусот, што е 0,1 процент од вкупно 11200 основци и средношколци на ниво на општина. Тоа не ја загрозува наставата со физичко присуство затоа што нема трансмисија во самите училишта.


Во тек е изведбата на коловоз на улицата „Тошо Даскало“, како финална фаза од реконструкцијата на оваа улица. Асфалтирањето е во должина од 503 метри и чини 6.259.850 денари.

И градинката "Пролет", клон на ЈУДГ "Естреја Овадија Мара" е целосно обновена и со нов изглед.

Штрк кој не одлетал со неговото јато, сега осамен шета низ битолските улици. Фотографиите се направени деновиве во битолската населба Ушици. Доколку не му се помогне на штркот и не се згрижи некаде, нема да може да ја преживее зимата која во Битола знае да биде многу сурова.242430495 4291754410936546 746293463512193664 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани