АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес во Фоајето на битолскиот Центар за култура, а во организација на АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола и редакцијата на „Битолски весник“ беше отворена изложба на тема „Од камен темелник до ТЕ Битола-3“ со што беше одбележан јубилејот – 30 години од денот на пуштањето во употреба на Блок-3 на комбинатот.
По 75 дневен капитален ремонт, првиот блок во РЕК-Битола, од денеска повторно е ставен во функција, информираат од комбинатот.
Зголемено производство на електрична енергија во најголемиот производител на струја во државата, РЕК Битола, и стабилен електроенергетски систем најавија денеска од Државните електрани. Од таму велат дека на 10 мај започна капитален ремонт на првиот блок во РЕК, а во наредниот период ќе следат и ремонтни активности на останатите два блока. За ова АД ЕЛЕМ ќе инвестира 10 милиони евра, што заедно со 280 илјади тони јаглен на депонија, ќе обезбеди стабилна грејна сезона.
-Во изминатите неколку години од претходното раководство на РЕК Битола не беа завршени ремонтните активности. Затоа оваа година почнавме капитален ремонт на блок 1 и ремонтни активности на блок 2 и блок 3. Сакаме да бидеме комплетно подготвени и сите три блока да бидат во функција на почетокот на месец октомври и да се истера грејната сезона онака како што треба да биде, стабила, изјави Васко Ковачевски, диркетор на РЕК Битола, кој рече дека во изминатиот период се преземени повеќе активности за заштита на животната средина, вклучително и отпепелувањето, за што најави повеќе информации во наредниот период.
На денешната средба со новинарите, по повод 34 годишнината од пуштањето во употреба на вториот блок во РЕК Битола, на двајца вработени со најдолг стаж во комбинатот, Стојан Ристевски и Љупчо Василевски им беа врачени благодарници и плакети
-На 24 мај во 1984 година за првпат се произведени и пуштени во електроенергетскиот систем првите киловатчасови електрична енергија од Блок 2. Сакам да се заблагодарам на сите вработени во РЕК Битола и АД ЕЛЕМ за се она што го вложиле, своето знаење и искуство за да изградата еден таков столб во енергетиката во РМ. Од пуштањето во употреба до денес овој блок има произведено 43 770 гигаватчасови или просечна 6 годишна потрошувачка на електрична енергија во РМ. Со сегашните цени на електрична енергија од 41 евро, вкупниот приход направен од ова производство е 1,8 милијарди евра, рече генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски.
Тој најави понатамошни инвестиции, модернизација на РЕК Осломеј, инвестиции во обновливи извори на електрична енергија, реализација на предвидените проекти Чебрен и Галиште, што во иднина ќе обезбеди стабилен енергетски систем
Фирмата „СВ Инвест“ бара јавно извинување од лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашните обвинувања што ги изнесе на фесјбук дека наводно оваа фимра како подизведувач за превоз на јаглен во РЕК вози камиони од фимрата „ДГИ тотал инженеринг“, во сопственост на братот на премиерот Вице Заев. Од РЕК „Битола“ пак, исто така категорично ги отфрлија обвинувањата за наводен криминал, корупција и непотизам и најавија дека во иднина секој што ќе изнесе невистини, па макар тоа бил и Христијан Мицкоски, ќе заврши на суд. И фирмата и РЕК исто така ги повикаа надлежните инстуции да ја проверат вистината.
Десет часа надвор од производство на електрична енергија беше третиот блок во РЕК „Битола“. Испадот се случи околу 01,33 часот по полноќ, а блокот беше синхорнизиран и повторно пуштен во функција во 11,49 часот денес. Од ЕЛЕМ со писмено соопштение потврдија дека испаѓањето на блокот било предизвикано од дефект на трафостаницата „Битола 2“ на МЕПСО.