2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Исплатени 195 милиони денари, субвенции за предадено млеко и оризова арпа

Октомври 26, 2019

Од четвртокот до вчера, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот равој, ги исплати субвенциите за предадено млеко и оризова арпа во износ од 195 милиони денари. Од оваа сума 153,4 милиони денари се за редовна субвенција за предадено кравјо, овчко и козјо млеко на 6 742 сточари и 41,4 милиони денари за дополнителна субвенција од 5 денари за предадена оризова арпа на 1 130 земјоделци, соопшти Медотија Илиевски, начаник на Подрчаното одделение за земјоделство во Битола.

 

Тој додаде дека во следниот период ќе има исплата на дополнителната мерка за субвенции за површини со полјоделски, градинарски култури, овошни и лозови насади, за грла добиток, предадени градинарски култури, домати, откупена пченица, предадени јаболка, како и за заклани свињи поради превенција од болеста африканска чума.

„Со средствата што ги обезбедивме со ребаланстот, 915 милиони денари, ќе бидат насочени за исплата на интервентните мерки и со тоа стигнуваме до сума од близу 7 милијарди денари, финансиска поддршка за земјоделството што ќе бидат исплатени оваа година“, рече Илиевски.

Како дополнителна помош за одледувачите на овци, Владата на последната седница донесе одлука за нова субвенција за прададено јагне во регистрирани кланички капацитети за период од први јануари до 30 јули годинава и изнесува 400 денари по грло. Мерката се воведува поради проблемите со цената на јагнето што ја имаат одгледувачите на овци.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани