АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Деновиве, во радиус од нецели два километри, има четири активни градилишта на кои граѓаните секојдневно се сведоци, изјави на денешната прес конференција советничката Жаклина Наумовска од СДСМ.
Таа рече дека се реновира Офицерскиот дом, откако постапката за истиот законски беше испочитувана.
„Иако претходната власт го стави на продажба, едно од најглавните ветувања кое го дадовме пред битолчани го остваривме- Офицерскиот дом не само што ќе остане на битолчани, туку тој ќе го врати стариот лик“, рече Наумовска.
Таа додаде дека се гради и нов детски парк во Градскиот прак на познатото битолско Шеталиште. Изградбата на паркот се реализира од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во соработка со Општина Битола.
„Градскиот стадион под Тумбе Кафе веќе го добива својот лик. Градежните работи и изградбата на северната трибина се во напредна фаза на реализација. Ветивме дека ќе го вратиме сјајот на спортска Битола и работиме во таа насока“, додаде Наумовска.
-Се реконструира и улицата „Крушевска Република“ која се наоѓа веднаш до Тумбе кафе со што Градскиот парк и битолското Шеталиште го добиваат својот градски сјај, нагласи советничката.