Минималното зголемување на цената на струјата ќе ги осигура инвестициите во обновливи извори на електрична енергија, рече генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски , при посетата на РЕК Битола.
-Со носењето на новиот Закон за енергетика и либерализацијата на пазарот од јули 2019 година, АД ЕСМ не е регулирана компанија за продажба на електрична енергија. На тендерот универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ ние се јавуваме на продажбата на аукција со наша цена, која на крајот на годината ќе донесе и одреден профит. Од први јули минатата година , заклучно со јули оваа година, цената која ја дадовме на универзалниот снабдувач беше на ниво на стабилизирање на пазарот , смирување во период кога може да има турболенции, кога има можност за нови компании со повисоки цени да учествуваат на тендерите, ние како државна компанија учествувавме со цена која го стабилизра тој удар и ја држеше стабилна цената во изминатата година дена. На оваа јавна постапка која ја имаше ЕВН ХОУМ, ние понудивме цена од 38,80 евра од мегават час што на крајот од годината ќе ни донесе профит од само 547 000 евра. Понудената цена е на ивица на рентабилност на работење на компанијата. При тоа да не заборавиме дека компанијата треба да има стратешки инвестиции, посебно кон обновливи извори на енергија, рече Ковачевски.