АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советникот од Поинаку Иван Чулакоски на последната седница на Совет побара да се санира проблемот на улицата „Васко Карангелевски“, велејќи од говорница дека таму „во 21 век извираат лајна“ и „посовреме треба да се реагира дури не се испокакаме сите“.
„На улицата Вско Карангелевски, проблемот не потекнува откако вие дојдовте за директор, туку е од претходно останат, но огромен е проблемот за 21 век во Битола. Ќе бидам малку вулгарен, извират лајна, ќе извините сите, мислам дека е срамота за еден град како Битола да имаме фекалии по улиците и да смрди. Тоа е точно наспороти згарадата Декорпод, имавме табла поставено таму, знам дека се ободовте да го исчистите, но таму проблемот е сигурно поголем. Така да, мислам дека посовреме треба да се реагира дури не се искакаме сите“, рече Чулакоски од советничката говорница.