АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На гласачките места утрово најчести беа пензионерите кои уште рано сабајче излегоа да го остварат своето гласачко право. Сепак, раздвиженоста беше слаба, па поголем број гласачи се очекуваат во текот на денот. Дел од гласачите изјавија дека очекуваат денот да мине без проблеми и граѓаните да го искажат својот став, а други пак, не сакаа да зборуваат во јавноста за очекувањата.
Во пресрет на утрешниот референдум, денеска гласаат болните и изнемоштени лица, затворениците, како и македонските државјани во странство кои се пријавиле за изјаснување.
Функционерите од ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да освојат повеќе гласови од противкандидатката на СДСМ, Наташа Петровска дури ни во населбите каде што живеат во Битола. Резултатите од Државната изборна комисија покажаа дека на гласачките места каде што гласале нивниот кандидат за градоначалник Зоран Илиоски, пратениците и другите локални фукционери од ВМРО-ДПМНЕ, имало повеќе гласови за Петровска, некаде дури и рекордни.
Според информации од ОО на СДСМ, од обработени гласови од 38 избирачки места, СДСМ е во водство.
„Очекувам локалните избори да бидат мирни, демократски, слободни зашто помина времето на уцени, пристисоци.