Започнаа арехолошките истражувања пред Јени Џамија

Октомври 19, 2018

Битолскиот Завод и музеј ги започна археолошките истражувања на новопронајдените остатоци од црквата Св. Ѓорѓија кај битолската Јени Џамија, кои се откриени на почетокот на годината при реконструкција на фонтаната пред џамијата.

-Ископувањата се пред Јени Џамија, односно кај фонтаната, каде што се пронајдени арехолошки наоди, ископувањата се во почетена фаза, проектот е во реализација. Станува збор на проект кој го реализра Завод и музеј-Битола, а е финансиран од Министерство за култура, во рамките на програмата за 2018, рече Мери Стојанова, директор на НУ Завод и музеј-Битола.

При реконструктивните зафати во јануари, односно при ископ за електрична инсталација пред фонтаната, пронајдени се два дела  од црквата,  северниот и јужниот дел на проскомидијата. 

-Се работи на две сонди и се очекува да излезе севериот ѕид на проскомидијата, односно веќе уште во првичните слоеви излезе северниот ѕид, а меѓудругото излезе еден анекс кон север, што се уште не знаеме какква функција има, но се надеваме дека при ископувањата ќе откриеме за што служел. Покрај тоа се пронајдени и други артефакти од стакло, ќерамика и метал, рече Слободан Стојовски, археолог од НУ Завод и музеј-Битола, кој е дел од екипата која работи на овие арехеолошки истражувања.

Со археолошките истражувања во изминатите 15 години, под џамијата се  откриени остатоци  од три цркви кои биле градени и уривани,   средновекона некропола,  како и голем број артефакти, кои се од непроценливо значње за историјата на градот. Дел од подот во џамијата е застаклен, од каде се гледаат пронајдените делови од христијанскиот храм. Проектот за конзервација и реставрација на Јени џамија се одвива во неколку фази и  има за цел објектот да биде презентиран како археолошки локалитет и галерија, кои ќе го обединуваат христијанското и исламското културно наследство.  

1

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани