Кога зборуваме за единство и сплотеност, тогаш дефинитивно мислиме на периодот на новогодишните и божиќните празници.
На настанот, кој се одржа вчера во спортската сала на ОСМУ "Д-р Јован Калаузи", сите ученици покажаа дека желбата за соработка во комбинација со креативноста можат да дадат еден прекрасен пример за новогодишен базар.
"Ај На Маркет!" како што медицинарите го нарекоа овој настан е нивни прв обид за нешто вакво и се покажа како повеќе од успешно. Учениците заедно со нивните класни раководители ги наполнија штандовите со прекрасни рачни изработки од рециклирани материјали, слатки и солени јадења, чаши со топол чај и кафе подготвени на штандот, овошни салати и што уште не.
И покрај сите овие убавини посетителите, од најмали до најголеми, некако најмногу се радуваат на местото за сликање со Дедо Мраз и Баба Мразица каде имаа можност сликите да ги платат онолку колку што тие сметаат дека треба.
Учесниците и посетителите имаа можност да запеат караоке и да се забавуваат, но и да ги видат сите уметнички дела направени од ѓубре од страна на сите пријавени на конкурсот за Арт треш челинџот поттикнат од мисијата #МетиСиСоКласнето.
Како што самите ученици рекоа, тие се пресреќни што директорката на училиштето и сите професори несебично ги поддржаа и дадоа и свој придонес во целиот настан.
Се гледаме и следната година на АЈ На Маркет, порачаа медицинарите