АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Заврши двонеледниот државниот карантин на 99 лица кои беа сместени во х.Молика на Пелистер. Лицата го напуштија хотелот на 15 април.
Во текот на вчерашниот ден, по извршена дезинфекција и потребни подготовки, во објектот се примени нови 94 лица кои, согласно новите одредби, ќе бидат во продолжен државен карантин од три недели.
Новата група ја сочинуваат граѓани кои се вратени од Турција, Словенија, Швајцарија и Австрија.
За потребите на државните институции на располагање се ставени и хотелите на АД ЕСМ на Попова Шапка, ,,Славија’’ и ,,Попова Шапка’’, каде во следните денови се очекува исто така да истече карантинскиот период на 154 лица кои во моментот се сместени таму.