АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Речиси и да нема ден во последниот месец а да нема новозаболени од корона вирусот во малото гратче Демир Хисар на југозападот од државата. Вирусот, според демирхисарци, најверојатно се шири после погреб во Мургашево од пред две недели, ама и после изборите, каде позитивен на вирусот е и кандидат за пратеник од една политичка партија, велат жители на ова гратче за „Независен“.
Заклучно со неделата (26.07) регистрирани се 24 позитивни случаи , а она што е симптоматично е што дури 22 од позитивните се заразиле во текот на овој месец. Активни се 22 случаи, а досега оздравеле само двајца, односно овој месец само еден оздравел.
Според увидот во статистиката на Министерството за здравство од 10 јули до денес во Демир Хисар се заразиле 21 лице. Односно секој ден се дијагностицира вирусот кај еден, двајца и најмногу кај тројца инфицирани.
Според статистиката на Центарот за јавно здравје во Битола до 15 јули, во Демир Хисар имало потврдени 12 случаи од кои 11 активни, а сега после само 12 дена таа бројка е удвоена.
Според наши соговорници од Демир Хисар критични се селата Мургашево, Сопотница, Журче и Слепче. Едни се заразиле од приватна фирма која се занимава со испорака на пратки, други на погреб, кај трети вирусот се шири после изборите и во кругот на семејствата, а заболен е и шалтерски работник во една филијала на банка.
„Во Слепче седум лица се заразени од вирусот и тоа се членови на две семејства. Исто така, има три лица болни во Сопотница, Журче, а најкритично е во Мургашево, десетина заболени, бидејќи таму имаше погреб на младо лице каде, верувајте, немаше човек од Демир Хисар што не отиде да запали свеќа. Имаше многу народ од повеќе градови, а први симптоми јавија соседите“, вели жител на Слепче, кој сакаше да остане анонимен.
А.Б
Целиот текст https://nezavisen.mk/po-pogreb-i-od-izborite-korona-virusot-se-shiri-vo-demir-hisar-ovoj-mesec-22-novozaboleni/?fbclid=IwAR1h5ESzE8zlxxmrUNFFDda_YM9xBGjzM3sN_K0nNf2u0nvVCmgDgijH-hs