АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Средното техничкото училиште во Битола овој летен распуст е вистинско градилиште со значајни реконструктивни зафати на целиот објект и уредување и осветлување на дворното место.
Паралелно со градежните активности за замена на целата кровна конструкција (досега е заменета половината од вкупната површина на кровот)со пластифициран профилиран лим и старата дотраена дрвена столарија со ПВЦ, деновиве се започна со активности за осветлување на просторот околу училиштето со поставување на ЛЕД рефлектори на фасадата на објектот.
Осветлени се северната и западната страна, а во периодот што следи ќе се осветлат источната и јужната страна. До сега е заменета целата столарија на училниците на првиот кат од училиштето и ќе се продолжи со замената и на приземјето како сите училници би биле оспособени за користење со физичко присуство на учениците во моментот кога за тоа ќе се создадат услови.
-Се надеваме дека оваа година со помош на оштината ќе можеме конечно да го решиме и проблемот со користењето на дворот и спортските терени како патека за пристап до Новиот градски пазар од страна на граѓаните, со изградба на посебна оградена бехатон патека по која граѓаните ќе можат непречено да се движат, а дворот ќе биде целосно затворен за минувачите. На овој начин се надевам дека проблемите со кои се соочуваме години наназад ќе бидат решени на заедничко задоволство, изјави за Апла, директорот на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола, Владимир Роме.