2win800x200

Проверка на факти: Ковид19

Постот шири невистини дека има лажна пандемија од ковид-19 и дека таа е проект за којшто Светската банка, наводно, ,,пресметала да заврши во 2025 година”. Исто така, дезинформација е дека Светската Банка „до 2025 година планира да ги избоцка сите по секоја цена“, со оглед на тоа што вакцинацијата е доброволна, а во програмата за стратешка подготвеност и одговор на ковид-19, којашто е јавно достапна, не се споменува вакцинацијата како нешто што ќе биде планирано на глобално ниво како задолжително. Во секој случај, повеќето земји во светот, апелираат на вакцинација за да се создаде колективен имунитет, односно да се спречи преносот на коронавирусот од еден на друг човек

Постот шири невистини дека вакцините содржат графен оксид и дека се генетска терапија. Графен оксид не е во листата на состојки и нема никаква можност да биде присутен во вакцината, изјавил Ален Мајерсон, професор по хемиски инженеринг во Институтот за технологија од Масачусетс. Според експертот за вакцини, Пол Офит, од детската болница во Филаделфија, тврдењето дека вакцините содржат графен оксид е чиста глупост. Исто така, вакцините против ковид не се генетска терапија, бидејќи тие не се дизајнирани за да ги променат гените. Центарот за контрола и превенција на болести на САД официјално потврдува дека вакцината против ковид не влегува во интеракција со нашата ДНК на каков било начин

Во моментот на објавување на постот што го рецензираме, врската меѓу вакцината и смртта на момчето не е воспоставена. За случајот има обдукција, меѓутоа таа не е завршена и резултатите не се познати. Поради тоа, не е точно тврдењето дека резултатите од обдукцијата покажале дека станува збор за смрт како последица на вакцината. Исто така, француските медиуми објавуваат дека младиот човек бил вакциниран повеќе од 9 часа пред да доживее алергија, а непосредно пред анафилактичниот шок во ресторан јадел храна за која било познато дека е алергичен

Овој пост со видео што се споделува на „Фејсбук“ ја манипулира јавноста дека вакцината „Фајзер“ содржи графен оксид и е опасна за човечкото здравје. Нема цврсти и научни докази дека ова е точно.  Видеото, како интервју на онлајн медиум, не презентира никаква научна студија, ниту, пак, документирани докази, туку разговор меѓу водител и докторка – економист за меѓународно здравје и истражувач на фармацевтски производи, кои тврдат дека со аплицирањето на оваа вакцина ќе има геноцид врз населението

Монтирaно и извадено од контекст е видеото во кое се споделува лажен наратив дека Бил Гејтс спроведува масовна вакцинација со цел да го намали бројот на живи луѓе во светот. Вакцините, напротив, ги спасуваат животите на луѓето и доколку нечија скриена агенда беше да се намали светската популација, тогаш воопшто немаше да има вакцини, туку коронавирусот ќе беше оставен слободно да циркулира и да одзема животи

Вакцината не претставува смртна опсност, ниту пак, докторите ги трујат граѓаните, како што дезнформира постот. Досега во Северна Македонија нема пријави за смртни случаи од ковид вакцина. Од Агенцијата за лекови и медицински средства во земјава (МАЛМЕД) објаснуваат дека досега пријавените несакани реакции од вакцините не отстапуваат од опишаните во упатствата за употреба и дека не е пристигната ниту една пријава за смртен исход како несакана реакција од вакцина. Најчесто се работи за лесна симтомалогија, како болка, оток и црвенило на местото на апликацијата на вакцината, покачена температура, малаканост, главоболка, болка во мускулите. Досегашните студии покажуваат дека вакцините се ефикасни во спречувањето на ковид болеста, особено штитат од посериозни заболувања и смртни исходи, а колективниот имунитет е многу значаен за да се сопре појавата на нови соеви и мутации

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани