2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Проверка на факти: Ковид19

Не им верувајте на политичарите, на медиумите на лекарите… Сите лажат и се глобалистички слуги. Вирусот е безопасен зашто во земјава населението има стекнато природен имунитет и затоа не се вакцинирајте… Ова е сублимат од дезинформациите што се објавени во пост на Фејсбук

Вакцинацијата во С. Македонија е доброволна и никој никого не присилува да се вакцинира. Вакцинираните луѓе, наспроти тврдењето во овој пост, не претставуваат никаков ризик по здравјето на невакцинираните. Постот предизвикува нетрпеливост и го загрозува јавното здравје, промовирајќи наратив во кој се жигосуваат поединците кои решиле да го заштитат своето здравје и да го искористат правото да се вакцинираат. Сето ова се прави со употреба на навредлив речник

 

Вакцината нема магнет во неа. Второ, како што пишува „Форбс“, ниедна вакцина против ковид не содржи траги од железо, никел, кобалт, литиум. мРНА вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ имаат липиди, соли, шеќери и киселини и киселински стабилизатори. Ниту една од овие состојки не е магнетска и како што нотира Центарот за контрола и превенција на болести, дури и кога би биле, големината на вакциналната доза е премала за да предизвика магнетите да се лепат на местото на инјектирање. Конспирацијата за микрочипови во вакцината, пак, започна кога компанијата „АпиЏект“ од САД, објави дека размислува за „опционален микрочип“, ама тој ќе биде на етикетата од шприцот и нема да се инјектира при имунизацијата. Важно е да се каже дека овој микрочип е засега наменет само за САД, а не за Македонија. Оваа технологија е сосема опционална и американската влада уште нема ни одлучено дали сака да ја користи или не!

Во оваа објава  се тврди дека вакцините против ковид-19 ја влошуваат крвната слика на луѓето и дека тоа го утврдила докторка која ја споредувала крвната слика на пациентите пред и по примањето вакцина. Но, тука не е прецизирано за која вакцина конкретно станува збор. Понатаму, докторката која дошла до ваквите „шокантни“ податоци нема име и презиме, нема нејзина изјава, не е јасно каде таа доктoрка работела, колку пациенти испитала. Нема податоци на која возраст и пол се луѓето од кои наводно земала крв, дали имале некакви претходни заболувања и со кои вакцини се вакцинирале. Со други зборови, оваа објава има толку многу непознати информации, а не нуди ниту еден доказ

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани